«

»

Jun 14 2014

1 година Историски Блог !

Во 2014 година одбележуваме (или веќе одбележавме) доста значајни настани поврзани со македонската и светската историја: 1000 години од смртта на Цар Самоил (1014), 100 години од почетокот на Првата Светска Војна (1914), 70 години од Првото заседание на АСНОМ (1944), 810 години од освојувањето на Константинопол од страна на крстоносците (1204), 2058 години од смртта на Гај Јулиј Цезар (44 г.пне.), 2348 години од битката кај Граник (334 г.пне.); но истотака оваа година го одбележуваме и првиот роденден на овој блог.

Овој момент го користам за да Ви се заблагодарам ВАМ, драги читатели, за сета Ваша поддршка во изминатата една година, поддршка без којашто овој блог не би постоел. Вие сте мојот поттик да продолжам да пишувам и да се трудам да го задржам Вашето внимание со интересни, поучни и забавни текстови и статии.

Во следниот период може да очекувате продолжување на статиите посветени на илјадагодишнината од смртта на Цар Самоил и настаните од македонското средновековие, нови репортажи, статии посветени на древни симболи, разработување на теми од македонскиот фолклор и народна митологија, статии посветени на историската заднина на некои современи состојби, повеќе информации за нови археолошки истражувања и откритија, како и разработка на забавниот оддел на блогот. Затоа, продолжете да го следите Историски Блог, бидејќи како што кажал познатиот Цицерон: “Историјата е сведоштво за времињата, светлина на вистината, живо паметење, УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ”.

И уште еднаш, ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ПОДДРШКАТА !

1 godina Istoriski Blog

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>