«

»

Aug 10 2013

100 години од Букурешкиот договор

Денес одбележуваме точно 100 години од потпишувањето на договорот кој ја санкционира поделбата на Македонскиот народ и земја од страна на империјалистичките европски сили и нивните балкански пион-држави, 100 години од денот кога го доживеавме она што беше најголем страв за бројни генерации Македонски револуционери кои упорно предупредуваа дека секаква надворешна интервенција во Македонската револуција за ослободување ќе заврши со нејзино уништување и ново ропство… Но, историјата е таква каква што е и треба да ни служи како поука. Изминатите 100 години на физичка одвоеност на Македонското национално ткиво треба да ни послужат како основа за негово духовно обединување, оваа историска неправда треба да биде наш мотив и поттик во градењето на нашата држава која што сме успеале да ја формираме на барем еден дел од нашата земја, во една модерна, силна и стабилна држава, нешто што било сон на нашите предци и нешто што претставува наш долг спрема идните поколенија !

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>