«

»

Jul 29 2014

1000 години од Беласичката битка

Денес се навршуваат 1000 години од Беласичката битка, позната и како битката кај Клеидион (битката кај Клуч), еден од најтрагичните настани во македонската историја. Имено, откако византиските напади, пљачкања и пустошења на самоиловата територија станувале се почести, а знаејќи дека непријателот навлегува низ родопските клисури, Самоил наредил да бидат затворени со широки фортификациски ѕидови кои ги обезбедил со силна посада. Кога византискиот цар Василиј II стигнал до тие клисури, Самоиловите војници извојувале победа и не му дозволиле да помине. Но, наскоро византијската војска била засилена со гарнизонот на Солун, предводен од стратегот Теофилакт Ботанијат, кој со брз марш ја заобиколил планината Беласица. На 29 јули 1014 година, од висовите на планината, тој ненадејно ја нападнал од зад грб Самоиловата војска. Имало многу мртви, а уште повеќе заробени.

Самоил бил сапсен од својот син Гаврило Радомир, кој го качил својот татко на коњ и го одвел во утврдениот Прилеп. По извојуваната победа, Василиј извршил невидено ѕверство, односно наредил на заробените 15 000 Самоилови војници да им се извадат очити, а на чело на секои сто бил оставен по еден со едно око. Така му ги испратил на Самоил, кој потресен од глетката, ќе почине од срцев удар на 6 октомври 1014 година. Овој ѕверски чин ќе остави трајни лузни врз свеста на македонскиот народ и македонската земја со топоними како Водоча (Струмичко), Слепче (Демирхисарско), Асамати и Дупени (Преспанско) и многу други.

samoil_soldiers_blind

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>