«

»

Apr 10 2014

11, 12, 13 Април – Бабините денови

Предстојните три дена – 11, 12, 13 Април (29, 30, 31 Март – стар стил) кај македонскиот народ се познати како Бабини денови, или едноставно Бабите. Според народните верувања, времето може да биде студено се додека не поминат овие три дена, и навистина, секоја година овие денови се одликуваат со необично студено време проследено со силен ветар.

Овој климатски феномен претставува основа за голем број преданија во повеќе делови на Македонија, во кои главно се раскажува за некоја баба која, охрабрена од топлото време кон крајот на месецот Март, го навредила и заминала во планина да ја паси својата стока. Март и’ се осветил така што позајмил три денови од Април и ја замрзнал бабата во планината.

Во продолжение следува струшка верзија на преданието, забележана во Зборникот на браќата Миладиновци, објавен во 1861 година:

babini denovi zbornik na miladinovci

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>