«

»

Jun 26 2013

“1909 – Четири Прослави на Нова Година”

“1909 – Четири Прослави на Нова Година” е име на статија објавена во повеќе американски весници во периодот декември 1908 – јануари 1909. Се работи за статија во која се обработуваат различните дати и начини на кои се прославува Нова Година кај повеќе народи и религиозни групи кои имаат своја емиграција во САД (Оние кои ја слават според Јулијанскиот Календар (т.е. според стар стил) – 14 Јануари, Кинезите – 13 Февруари, Муслиманите – 14 Февруари и Евреите – средината на септември).

Но она што е од клучен интерес за нас и причината поради која го пишувам овој пост е тоа што во рамките на оние народи кои ја слават Нова Година според Јулијанскиот календар, како посебен етникум се наведени и Македонците покрај Грците, Русите, Србите и Бугарите. Оваа статија покажува дека во тој период американскиот печат и жителите на САД биле свесни за нашето постоење како Македонци и покрај сите негаторските тврдења на нашите соседи.

Оваа статија била објавена во следните весници:
– The Nebraska advertiser, 25 Декември 1908, страна 7
– The Spanish Fork press, 31 Декември 1908, страна 7
– The Winchester news, 31 Декември 1908, страна 3
– Warren sheaf, 31 Декември 1908, страна 2
– The Alliance herald, 31 Декември 1908, страна 4
– The Holt County sentinel, 01 Јануари 1909, страна 2

Македонците како посебен народ во статијата “1909 – Четири Прослави на Нова Година” - The Winchester news, 31 Декември 1908, страна 3

Македонците како посебен народ во статијата “1909 – Четири Прослави на Нова Година” - The Winchester news, 31 Декември 1908, страна 3

Статијата “1909 – Четири Прослави на Нова Година” во The Winchester news, 31 Декември 1908, страна 3

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>