Monthly Archive: June 2014

Jun 30 2014

Археолошки истражувања 2014: Собранието на Стибера (Фото)

Едно од најголемите археолошки откритија во Македонија во 2014 година, несомнено е булевтерионот (собрание) во Стибера. Ваков објект имале само големите и богати градови и претставувал место каде што претставниците на градовите или делови на општината донесувале одлуки за градот и за територијата. Одлуките подоцна биле пишувани на камен и истакнувани. Директорот на Управата за заштита на …

Continue reading »

Jun 29 2014

Археолошки истражувања 2014: Баргала, Штип (Фото)

Градот Баргала бил оформен во доцната антика, недалеку од левиот брег на реката Брегалница (Астибо), во зоната на автохтоните пајонски Брагилци. Неговата прелиминарна функција била военостратегиска контрола на границата помеѓу доцноантичките провинции Македонија Втора и Средоземна Дакија. Подоцна прераснува во цивилен град. Локалитетот беше дел од овогодинешните капитални проекти од областа на археологијата на Владата на …

Continue reading »

Jun 28 2014

По пет децении откриена некропола на локалитетот Баргала

Експертите од УНЕСКО можеби наскоро освен во Охрид ќе треба да се ангажираат и во околината на Штип. На археолошкото наоѓалиште Баргала по половина век истражување, откриени се девет гробови од главната некропола. Се смета дека токму во базиликата, откриена во непосредна близина до некрополата, сесловенските просветители – браќата Кирил и Методиј ја пишувале Глаголицата. …

Continue reading »

Jun 28 2014

Археолошки истражувања 2014: Пелагонија, Старо Бонче (Фото)

Истражувањето на локалитетот Старо Бонче претставува дел од капиталните проекти од областа на археологијата на Владата на Република Македонија и Управата за заштита на културното наследство за 2014 година, односно беше доистражувана владетелската гробница на Павла Чука, единствена од ваков вид во Република Македонија и пошироко. Се претпоставува дека се работи за гробница на најголемиот …

Continue reading »

Jun 26 2014

Локалитетот Стибера крие многу тајни

Откривме објект собрание, каде што претставниците на градовите или делови на општината донесувале одлуки за градот и за територијата. Тие своите одлуки ги пишувале на камен и подоцна ги истакнувале. Вакви репрезентативни градби имале само богатите градови, велат археолозите. УНИКАТЕН ЛОКАЛИТЕТ СО РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ ОБЈЕКТИ На секој чекор на ископините под Бедемот, во близината на храмот …

Continue reading »

Jun 26 2014

Археолошки истражувања 2014: Билазора, Градиште, Свети Николе (Фото)

Продолжува откривањето на урбаниот растер на акрополата на најголемиот град во раното античко кралство Пајонија. Професор д-р Драги Митревски, раководител на Проектот Билазора, го дефинира датирањето на комплексот на палатата во класичниот период, поконкретно од 5. и 4. век пред н.е.  Градот Билазора е убициран во 1976 година (И. Микулчиќ), истражуван неколку години (В. Нејдингер …

Continue reading »

Jun 25 2014

Сензационално откритие на локалитетот Стибера: Објект на државно собрание

Новооткриениот објект на локалитетот Стибера, кај Чепигово, според првичните информации на д-р Виктор Лилчиќ е првото државно собрание на територијата на Македонија. Оваа констатација произлегува од фактот што во ископувањата што ги врши екипа на прилепскиот Музеј предводена од археологот Душко Темелкоски, е пронајден пишуван споменик со кој јасно се дефинира објектот. – Мислиме дека …

Continue reading »

Jun 24 2014

Цвеќето на животот

“Долго си одел, Гилгамеш, многу си претрпел и многу маки си поднел. Што да ти дадам среќно во татковината да стигнеш? Тајна една сакам да ти откријам за чудотворната трева сакам да ти кажам. Тревата на трн е слична, а длабоко во морето расте. Штом таа трева во рацете свои ја имаш од неа каснеш, …

Continue reading »

Jun 22 2014

Археолошки истражувања 2014: Скупи, истражување на античкиот театар (Фото)

Пред неколку дена, при ископувањето го античкиот театар на Скупи кај Скопје, археолозите направија сензационално откритие – Пајонски гроб од 8 и 7 век пред новата ера. Покрај покојникот, во керамички сад тие открија бронзена наочареста фибула – безопасна игла, типична за Пајонците и култен предмет – сончев диск. Раководителот на истражувањата, проф. д-р Антонио Јакимовски …

Continue reading »

Jun 22 2014

Откриени границите на Епископската резиденција во Херaклеја

Битолските археолози од Заводот, Музеј стигнаа до нови откритија кои се поврзани со Епископската резиденција во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, кој е избран како еден од најзначајните во групата на капитални проекти поддржани од Владата на Република Македонија. Новите откритија се важни затоа што го потврдуваат континуитетот на животот во Хераклеја, но и епископскиот карактер …

Continue reading »

Older posts «