Monthly Archive: July 2014

Jul 12 2014

Откриен мозаик со претстава на Александар Македонски во синагога од 5 век во Израел

Група на американски археолози, предводени од Џоди Магнес од Универзиетот на Северна Каролина, истражувајќи доцно-римска синагога од 5 век во селото Хукок во северен Израел, открија мозаик на кој најверојатно е претставена еврејската легенда за средбата помеѓу Александар Македонски и врховниот еврејски свештеник во Ерусалим, приказна која се среќава во рабинската литература и за која …

Continue reading »

Jul 11 2014

Хералдички бои

Еден од главните предмети на хералдиката е опишување на грбовите. Тој опис – “Блазон” ја преставува суштината на грбот, кој за хералдиката е поважен од ликовниот приказ – “Емблазон”. Процесот на опишување на грбот (пишување на блазонот) се вика блазонирање. Притоа блазонот мора да биде јасен и недвосмислен, така секој хералдички уметник да може да го …

Continue reading »

Jul 08 2014

Продолжуваат археолошките истражувања на Трештена Стена

Со финансиска поддршка од Министерството за култура, стручни лица од НУ Завод и музеј – Прилеп, во рамките на програмата за заштита на културното наследство, и оваа година ги продолжија истражувањата на енеолитската населба на локалитетот Трештена Стена во близина на мариовското село Чаниште, Прилепско. Овие истражувања уште еднаш ги потврдија очекувањата дека животот во …

Continue reading »

Jul 08 2014

Во Билазора имало владетелска палата кога во Атина куќите биле од ќерпич

Kога владетелот на независна Пајонија го крунисаа во реката Брегалница, горд и задоволен се качи на својот коњ и тргна дома. Тоа беше некаде во 4 век пред новата ера. По неколку часа, јавајќи низ овчеполските полиња со жито, ги здогледа ѕидините. Стигна пред силно утврдениот бедем и ја помина масивната дрвена порта. Се симна …

Continue reading »

Jul 07 2014

Кочо Рацин: Богомилите – кратка расправија од историјата македонска

Познато е дека славниот македонскиот поет и револуционер Коста Апостолов Солев (1908-1943), попознат како Кочо Рацин, се занимавал и со проучување на македонската историја. Тој особено бил фасциниран од богомилското движење кое играло значајна улога во македонскиот среден век, па напишал и три трудови на таа тема: “Богомилите”, “Драговитските богомили” и „Селското движење на богомилите во Средниот век“. …

Continue reading »

Jul 04 2014

Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Градиште близу Младо Нагоричане

Стручните екипи од Музејот во Куманово и археолозите Управата за заштита на културното наследство ги продолжија деновиве ископувањата на локалитетот Градиште во близина на селото Младо Нагоричане, кумановско, во близина на магистралниот пат кон Република Бугарија познат по рекогносцирањата извршени пред околу 30 години. Уште при самото прибирање на површинскиот материјал, увидено е дека станува …

Continue reading »

Jul 04 2014

Студенти-археолози трагаат по пајонски населби кај Берово

Во археолошките локалитети Грамадје кај село Владимирово, Попов Рид кај Берово и во атарот на селото Робово, студентите по археологија на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ заедно со своите професори вршат сондажни истражувања. Студентите истражувачи на античките населби во Малешевијата трагаат по пајонски утврдувања, населби и некрополи на неколку локалитети по должината на реката Брегалница. Пронајдениот движен …

Continue reading »

Jul 03 2014

Археолошки истражувања 2014: Скупи, истражување на античкиот театар (2 дел)(Фото)

Како што изминува времето, така напредуваат археолошките истражувања во државава и постојано се откриваат нови работи, нови артефакти, па еве неколку нови фотографии од истражувањата на античкиот театар во Скупи, Скопје: Извор: Управа за заштита на културното наследство

Jul 03 2014

Археолошки ископувања на неолитската населба Могила

Во тек се археолошките ископувањата на неолитската тумба во Могила. Овој локалитет претставува една од најкомплексните неолитски населби во Пелагонија, што пак заслужува многу подетално проучување и анализа на културното наследство поврзано со овој период и регион. Истражувањата на македонскиот и словенечкиот тим, предводени од Гоце Наумов (Универзитет „Евро Балкан“) и Аленка Томаж (Универзитет при …

Continue reading »

Jul 02 2014

Востанието на Ѓорѓи Војтех (1072-1073)

Неподносливата ситуација за балканските народи, вклучително и македонскиот, предизвикана од експлоаторската политика на Константинопол продолжила и по востанието на Петар Делјан (1040-1041). Како резултат на таквиот гнет, одново се засилил отпорот. Востанието во Тесалија од 1066, предводено од управникот на Лариса Никулица Делфин (чиј дедо бил управник на Лариса во времето на Самоиловото владеење) било брзо …

Continue reading »

Older posts «

» Newer posts