Monthly Archive: September 2014

Sep 28 2014

Византологот Александар Атанасовски контра бугарските тези за Цар Самуил

Самуил со востание се одметнал од бугарската држава, направил престолнина и патријаршија во Преспа, каде што се наоѓа и неговиот гроб. Самуиловото Царство не било бугарско! Вистината е дека Самуил со своите браќа Давид, Мојсеј и Арон организирале апостасија, односно востание со отцепување од бугарската држава. Историските извори се сосема јасни и недвосмислени. Тоа што …

Continue reading »

Sep 25 2014

Во Ресен се одржа трибина посветена на илјадагодишнината од смртта на Цар Самоил

Добро е што после илјада години од смртта на Цар Самоил неговата Преспа се сети на нашиот цар кој своето владеење го започна и го заврши токму во овој прекрасен крај. Досега постоеле многу приказни и истражувања за тоа каде е престолнината на Самоил. Јас тврдам дека тоа беше Преспа. Моите испитувања ги темелам на …

Continue reading »

Sep 21 2014

Во Ресен ќе се одржи научна трибина и свечена академија во чест на Цар Самоил

Низ текот на долгата вековна историја на македонскиот народ се појавиле голем број на личности кои со својот лик и дело оставиле траен печат врз колективната свест на Македонците, личности кои го промениле текот на историјата, личности кои предизвикуваат восхит и гордост кај секој Македонец. Таква е и личноста на Самоил  – најзначајниот средновековен македонски владетел …

Continue reading »

Sep 16 2014

Продолжуваат истражувањата на новата базилика во Хераклеја

Продолжуваат археолошките ископувања на локалитетот Хераклеја, кои се реализираат со поддршка од Министерството за култура. Акцент на годинашните активности е ставен на доистражувањето на новата трикорабна базилика од ранохристијанскиот период, впечатлива архитектонска градба, која со својата големина го потврдува значењето на градот како мошне развиен епископски центар. За време на годинашните истражувања на оваа значајна …

Continue reading »

Sep 14 2014

Втората индустриска револуција и појавата на империјализмот

Гостинска статија на Јулија Митревска. Со изгревањето на зраците на 19-от век, почнале да наѕираат и мугрите на современото општество. Индустриската револуција, започнувајќи од 1700 година, британското агро-рурално тло го преобразила во синоним за масовно машинско производство коешто ја затресе и промени европската утроба засекогаш. Ја означи машинската ера, којашто малите работни простории ги замени …

Continue reading »

Sep 11 2014

Продолжуваат конзерваторските работи на археолошкиот локалитет Баргала

Со финансиска поддршка на Министерството за култура во тек е конзервацијата на бедемот на еден од најрепрезентативните археолошки локалитети во Македонија, Баргала кај Штип. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Штип интензивно работат на конзервација на 181 метарскиот северно-источен бедем на овој значаен археолошки локалитет кој датира од четвртиот …

Continue reading »

Sep 09 2014

Завршија археолошките истражувања на локалитетот Градиште кај Пелинце

Завршија годинашните археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај Пелинце, Кумановско, проект предвиден во Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура. Екипа на археолози од Националната установа Музеј Куманово во соработка со стручни лица од Археолошкиот музеј на Македонија ги истражуваа правците на протегање и контурите на објектите од железното време, лоцирани во …

Continue reading »

Sep 05 2014

Од Цареви Кули изваден царски трезор од артефакти

Тука се и теракотни фигурини на божицата Кибела и Хермес, златните негроидни и лавји обетки, златните прстени од македонско-хеленистичкиот и средновековниот период, стаклените амфорети, римските ламби со претстава на Ахил и Пентесилеја, како и оние со претстава на Атина, разновидни монети од 4 век пр. н.е, па се до денес… Со интензивните истражувања на локалитетот …

Continue reading »

Sep 04 2014

Повеќе потонати бродови пронајдени кај струшки подводен археолошки локалитет

Брод влекач и шест-седум бродчиња се пронајдени кај подводниот археолошки локалитет во централното струшко крајбрежје. На околу 400 метри од брегот на Охридското Езеро во Струга кај подводниот археолошки локалитет во централното струшко крајбрежје, подводните археолози од Природно научниот музеј „Д-р Никола Незлобински“ пронајдоа брод влечач и шест-седум бродчиња поврзани како вагони. Од струшкиот музеј …

Continue reading »

Sep 03 2014

Божиците газдувале со Цареви Кули пред 7 милениуми

За ова сведочат над триесетина женски фигурини пронајдени на локалитетот кои во литературата се познати како Божици на плодноста. Целата култура изобилува со богата иконографија, развиен симболизам и графитни декорации. На локалитетот Цареви Кули кој се наоѓа веднаш над градот Струмица во моментот се вршат археолошки истражувања, а досегашните откритија зборуваат дека се работи за …

Continue reading »