Monthly Archive: October 2014

Oct 29 2014

Откриени амфоровидни садови на локалитетот Мрдаја на брегот на Дојранското Езеро

Во тек се истражувањата на археолошкиот локалитет Мрдаја, на брегот од Дојранското Езеро, кој беше откриен во 2012 година при градежните работи за проширување на градската плажа во Стар Дојран. Богатиот археолошки движен и недвижен материјал е со хронолошка припадност во доцнобронзеното време и преодот кон железното време. Во таа смисла, досега се откриени 54 …

Continue reading »

Oct 26 2014

Откриен христијански кварт во град на ‘Златната Хорда’ (Фото)

Изминатиот месец, на годишниот состанок на Европската Асоцијација на Археолози одржана во Истанбул, рускиот археолог Димитри Кубанкин од Регионалниот музеј на Саратов, ги презентираше резултатите од истражувањата на средновековниот град Укек, подигнат од ‘Златната Хорда’ – државна формација произлезена од пространото Монголско Царство на Џингис Хан. Имено, по смртта на Џингис-Хан во 1227 година, неговата …

Continue reading »

Oct 19 2014

Отворен новиот Археолошки музеј на Македонија – аргументирано сведоштво за нашата историја

Новиот, репрезентативен објект на Археолошкиот музеј на Македонија, кој вчера свечено беше отворен претставува музеј на 21.век. Преку повеќе од 6.000 експонатите и со употреба на најсовремена музејска технологија, специфично светло и амбиентална музика тој ќе ја презентира автентичната повеќевековна историја и култура на територијата на Република Македонија. Премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред …

Continue reading »

Oct 17 2014

Александар марширал низ 14 современи општини на Македонија

Александар Македонски марширал низ Република Македонија во 335 година пред нашата ера, вели Виктор Лилчиќ Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство. Во постот на една од социјалните мрежи тој кажува низ кои 14 општини поминал големиот војсководец, објавувајќи и фотографии. -Во јули месец, 335 година пред н.е., Александар III Македонски се враќал …

Continue reading »

Oct 17 2014

Од осоговското сребро се издигна древното пајонско кралство

“Рудничките градови во опфатот на општината Пробиштип, Мавраган Кале, Добревското Градиште, Градиш кај Дренок и уште многу други ги кријат патеките по кои се издигнала раната цивилизација на кралството Пајонија”, вели д-р Виктор Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство Во пазувите на рудоносните Осоговски Планини, откриени се остатоци од над десетина древни …

Continue reading »

Oct 16 2014

Викиншко богатство, ‘вампирски’ гроб и антички кралски мозаик…

Викиншко богатство, ‘вампирски’ гроб и антички кралски мозаик – што овие три работи имаат заедничко? Ништо посебно освен тоа што и трите претставуваат значајни археолошки откритија за кои дознавме во изминатава недела, а од кои две се случија во нашето соседство. Во однос на првиот дел од насловот (викиншкото богатство) се работи за едно од …

Continue reading »

Oct 11 2014

Бедемите на Константинопол (Видео)

Константинопол, Истанбул, Цариград, Миклагард – се’ се тоа имиња за градот кој милениумски ги поврзувал Истокот и Западот, градот кој успеал да спаси голем дел од класичното знаење и да го пренесе на Европа, и се’ тоа благодарение на неговите силни ѕидини и одбрамбен систем кои своевремено ни самиот “Камшик Божји” не се осмелил да ги нападне. …

Continue reading »

Oct 08 2014

Се наѕира ли античкиот град Антигонеа во неготинско Градиште?

Дали археолошкиот локалитет Градиште во Неготино го крие античкиот град Антигонеа? Ова е прашањето на кое се очекува да даде одговор меѓународниот истражувачки проект што се спроведува веќе шеста година. Проектот го раководат вишиот кустос археолог Горан Санев од Археолошкиот музеј на Македонија и професорот Николас Секунда од Универзитетот во Гдањск, Полска, во соработка со …

Continue reading »

Oct 07 2014

Ќе ги открие ли Давина Кула тајните на Јустинијан Први?

Македонските археолози претпоставуваат дека една од можните локации за местоположбата на сѐ уште неоткриениот град Јустинијана Прима може да биде токму овој локалитет, бидејќи Давина Кула е единствениот досега потврден град од 6 век на територијата на Скопје што ги има сите карактеристики на рановизантиски град. Историскиот град кај Чучер Сандево непроценливо археолошко богатство Во …

Continue reading »

Oct 06 2014

6 октомври 2014 – Илјада години од смртта на Цар Самоил

Денес е 6 октомври 2014, денот кога се навршуваат точно илјада години од смртта на една од најзначајните личности во македонската историја, најзначајниот средновековен македонски владетел – царот Самоил. Имајќи ја во предвид важноста на оваа личност, како и големината на јубилејот – 1000 години од неговата смрт, се обидов оваа 2014 година на блогот …

Continue reading »

Older posts «