Monthly Archive: November 2014

Nov 28 2014

Најинтересните праисториски откритија во ноември

Овој ноември се покажа како доста интересен месец кога е во прашање праисториската археологија. Имено, во изминатите неколку недели беа соопштени низа на вредни откритија поврзани со најстарите епохи од човечкото минато, а од нив како најинтересни може да се издвојат три, од кои две ни доаѓаат од еден локалитет во Данска. 1. Човечки стапки стари …

Continue reading »

Nov 26 2014

Мапа на световите

Тема на овој пост е еден многу интересен обреден артефакт пронајден во околината на градот Олденбург во Холштајн, Германија, кој ни покажува како Вагрите и останатите балтички Словени го замислувале светот на живите, мртвите и боговите, односно претставувал своевидна митолошка космолошка мапа. Вагрите биле едно од бројните словенски племиња кои во 6 век мигрирале во …

Continue reading »

Nov 17 2014

Археолошки истражувања 2014: Коколов рид, Виница (Фото)

Во реализација на Музејот на град Виница се завршени археолошките истражувања на локалитетот Коколов рид кај селото Виничка Кршла, предвидени за 2014 година, со финансии од Министерството за култура на Р. Македонија и Општина Виница. Локалитетот Коколов рид претставува комплексен археолошки локалитет кој бил користен долг временски период како тумуларна некропола во бронзеното, преодниот период …

Continue reading »

Nov 17 2014

Ќе се истражува Линк, родниот град на бабата на Александар Велики

Археолозите в година ќе го истражуваат локалитетот Градиште кај битолското село Црнобуки каде што веројатно е позициониран градот Линк, престолнина на кралството на Линкестидите, од каде што потекнувала и бабата на Александар Македонски, Евридика. Ископувањата годинава влегоа во капиталните проекти што ги финансира Владата, а треба да почнат напролет. Според Аница Ѓоргиевска, кустос-советник во Заводот …

Continue reading »

Nov 13 2014

Пронајдена мистериозна стела во Турција и конечно коски во Амфипол

Изминативе два-три дена добивме информации за неколку значајни археолошки откритија во светот, од кои како најинтересни се издвојуваат откритеието на една загадочна стела во Турција и скелетни остатоци во гробницата во Амфипол во Грција. Археолозите кои ги истражуваат остатоците од средновековниот христијански манастир посветен на Соломон на локалитетот Делише во југоисточна Турција наидоа на римска …

Continue reading »

Nov 11 2014

Мартинци – Волчји денови

Празникот Мартинци што како и некои други празници во народот се среќава со разни имиња (Мартинија, Волчји празник и сл.) се врзува со различни датуми. Трае различно еден, три денови но најчесто е поврзан со 14. ноември според стариот, односно со 27 ноември според новиот календар. Со овој празник најчесто се поврзани повеќе обичаи со …

Continue reading »

Nov 03 2014

Нордиските шаманистички воини

Еден од најраспространетите епитети со кои се опишуваат Викинзите е тоа дека биле силни и застрашувачки воини. Дури и во модерниот англиски јазик, зборот со кој се опишува некој кој наеднаш избувнува, побеснува, полудува, станува див, фуриозен, се користи фразата ‘going berserk’, а директно потекнува од називот за еден тип на воини од Викиншката доба …

Continue reading »

Nov 01 2014

Откриена средновековна палата на Маркови кули

Ново откритие на археолозите среде тврдината на Марковите кули над Прилеп. Средновековна палата во која живееле високи воено- политички византиски благородници, употребувана и во времето на Крали Марко. Средновековна палата од пред 7 века за прв пат  откриваат археолозите во тврдината на Марковите кули над Прилеп. Изградена на стратегиско место до бедемите, била раскошна на …

Continue reading »