Monthly Archive: December 2014

Dec 30 2014

Среќни Новогодишни и Божиќни празници !

Историски Блог Ви посакува успешна Нова 2015 Година, како и среќни Божиќни празници на сите верници од христијанска вероисповед!

Dec 26 2014

Археолошка изложба 2014

На 29 декември (понеделник) во Архелошкиот Музеј на Македонија во Скопје, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена музејската поставка „Археолошка изложба 2014“ која ќе вклучува повеќе од илијада артефакти од единаесет археолошки локалитети, меѓу кои и богатата колекција од 405 монети на македонските кралеви од Археолошката музејска збирка на Филозофскиот факултет од Скопје, …

Continue reading »

Dec 24 2014

Златна соба со 447 артефакти во Куќата на Робевци во Охрид

Во куќата на Робевци во Охрид, која е еден од најрепрезентативните примероци на старата градска охридска архитектура, ќе бидат сместени највредните и најблескавите археолошки движни предмети кои прикажуваат различни етапи од развојот на оваа област. Се работи за 447 артефакти со непроценлива вредност, златни, сребрени и позлатени предмети од колекцијата на Заводот за заштита на …

Continue reading »

Dec 22 2014

Недела на археологијата во Археолошки музеј на Македонија

Во периодот од 23 до 25 декември, Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје организира манифестација насловена како “Недела на Археологијата” на која гостите ќе имаат можност да ја проследат следната програма: Прв ден – 23.12.2014 (Вторник): 18:00 часот – Свечено отворање на манифестацијата „Недела на Археологијата“) 18:30 часот – Свечено отворање на изложба „Места на …

Continue reading »

Dec 19 2014

Презентиран „Патот на Александар Македонски низ Република Македонија“

Рутата по која македонскиот крал Александар Трети Македонски поминал со својата војска во 335 г. п.н.е. на враќање од Дунавската кампања, минувала низ 18 денешни општини во Република Македонија. Реконструкцијата ја направи проф. д-р Виктор Лилчиќ, актуелен директор на Управата за заштита на културното наследство, и таа е резултат на неговите теренски и кабинетски археолошки истражувања во изминатите …

Continue reading »

Dec 19 2014

Археолози пронашле гробишта во Египет со преку милион мумии

Гробишта, на кои според проценката на археолозите се наоѓаат повеќе од милион мумифицирани човечки тела, се пронајдени во централен Египет. Археолозите досега ископале 1700 мумии, кои биле зачувани заради жешките и суви пустински услови во регионот што се наоѓа на 96 километри јужно од Каиро. Гробиштата Фаг ел-Гамос се простираат на преку 1,7 милиони метри …

Continue reading »

Dec 19 2014

Откриена 2500 години стара мумија на младо момче

Текст на Александар Китановски – студент по Археологија. Научниците во Чикаго отворија стар Египетски саркофаг, и во него открија мумија сокриена скоро 2,500 години. По потекло од гробиштата Акхмим, кои што се наоѓаат на источната страна од реката Нил во Горен Египет, златно обоениот, богато украсениот саркофаг бил во сопственст на музејот во Чикаго од …

Continue reading »

Dec 16 2014

Петок во Скопје ќе се одржи јавна презентација за маршот на Александар Македонски низ Република Македонија

Петок (19 декември) во Музејот на Македонската Борба во Скопје, со почеток во 12 часот, познатиот археолог и директор на Управата за заштита на културното наследство проф. Д-р Виктор Лилчиќ Адамс ќе ги презентира своите сознанија во врска со маршот на Александар Македонски низ територијата на Република Македонија во 335 г.пне. Станува збор за интензивните …

Continue reading »

Dec 16 2014

Откриена и петтата џиновска статуа на египетскиот фараон Аменхотеп Трети

Египетските археолози вчеравечер во Луксор ја претставија и петтата џиновска статуа на фараонот Аменхотеп Трети кој со Египет владеел пред повеќе од 3.000 години, а бил и дедо на познатото момче-фараон Тутанкамон. Археолозите во ноември успеале да соберат 89 камени блокови на статуата висока речиси 13 метри. Таа се наоѓа покрај уште четири статуи на …

Continue reading »

Dec 13 2014

Oткриена гробница на египетска кралица

Во Луксор, Египет, египетско-француски тим на археолози пронашле гробница на непозната египетска кралица за која се смета дека живеела во 2. милениум пред н.е. “Продолжува истражувањето за да се одреди за кој фараон била омажена. Познато е дека гробницата е од периодот на Рамесид (1314-1085 п.н.е) кога 11 кралеви биле наречени Рамзес, се вели во соопштението …

Continue reading »

Older posts «