Monthly Archive: January 2015

Jan 29 2015

Документарна серија за патот на Александар Македонски низ Македонија

„Археолошка авантура – Еригонски пат“ е документарна серија во 5 епизоди за патот на Александар Македонски низ територијата на денешна Република Македонија по враќањето од Дунавската кампања во 335 г.пне. снимена од страна на телевизија Алфа во соработка со Управата за заштита на културното наследство. Во продолжение можете да ги погледнете сите пет епизоди од оваа документарна …

Continue reading »

Jan 23 2015

Се одржа конференцијата за најновите научни методи во археологијата

Најнови технологии поврзани со археолошките ископувања кои не се практикуваат многу во нашите систематски археолошки истражувања и примената на геофизичките, хемиските, палеоботаничките, археометриските, математичките и археозоолошките методи беа презентирани денеска на меѓународната конференција „Еден чекор понатаму: Мултидисциплинарен пристап во археологијата“, што се одржа денеска во НУ Археолошки музеј на Македонија. Учествуваа голем број истражувачи од …

Continue reading »

Jan 23 2015

Римскиот театар во Стоби годинава подготвен за посетители!

“Во изминатиот период беа реконструирани вкупно 12 од 18-те оригинални редови на театарот, а целосното завршување на проектот се очекува во текот на 2015 година”, велат од Министерството за култура. Римскиот театар во Стоби, кај Градско се очекува до крајот на годинава да биде целосно реконструиран и претставен пред јавноста. Поради дијаметарот од близу 90 …

Continue reading »

Jan 21 2015

Меѓународна конференција за новите научни методи во археологијата

Петок (23.01.2015), со почеток во 12 часот, во Археолошкиот музеј на Македонија ќе се одржи меѓународната конференција за нови научни методи во археологијата “One Step Beyond: А Multidisciplinary Approach in Archaeology”. На конференцијата ќе присуствуваат еминентни научни работници од Македонија, Чешка и Србија. Организатор на конференцијата е македонскиот археолог Гоце Наумов во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија. Целосната …

Continue reading »

Jan 19 2015

Топ 10 археолошки откритија за 2014 година

Годинешниве топ 10 откритија доаѓаат од сите делови на светот и ги опфаќаат сите векови, но како што укажува списанието “Археологија“ тие се обединети во намерата да покажат дека археологијата е способна да ги открие сокриените вистини и да потсети дека секогаш постојат нови работи кои можеме да ги научиме за минатото. Списанието “Аrchaeology” на Американскиот …

Continue reading »

Jan 11 2015

Духовите на џоломарите

Малкумина знаат, а уште помалку присуствувале на единствениот обреден, ритуален пречек на Василица во кавадаречкото село Бегниште. Според етнолозите, како и сите други обичаи на маскирање, тој потекнува од паганските времиња. Но во ова село ритуалот е зачуван во својата најчиста, изворна форма и затоа е единствен во Македонија. Тука го нарекуваат – џоломари. Патувањата …

Continue reading »

Jan 07 2015

Предавање за новите истражувања на предисторискиот локалитет Винча

Д-р Ненад Тасиќ од Филозофскиот факултет во Белград ќе одржи предавање во Филозофскиот факултет во Скопје на тема: Нови истражувања на предисторискиот локалитет Винча. Предавањето ќе се одржи петок (09.01.2015) од 11 часот во Салата за седници на Филозофскиот факултет во Скопје. Локалитетот Винча е еден од најстарите археолошки локалитети во светот. На овој локалитет …

Continue reading »