Monthly Archive: March 2015

Mar 25 2015

Обука за работа со георадар на Скупи

Управата за заштита на културното наследство оваа недела (22-29 март) организира обука за користење високотехнолошки методи во архелогијата, а во соработка со НУ Археолошки музеј на Македонија и фирмата „Геоархео“ од Хрватска. Обуката на македонските археолози за работа со георадар, кој го поседува Управата, ја прават Горан Скелац, дипломиран археолог и Јурица Горичанец, инжeнер по …

Continue reading »

Mar 23 2015

Откриени две нови древноегипетски гробници во Луксор

Гостинска статија на Александар Китановски – студент по Археологија. Две нови древноегипетски гробници беа откриени пред три недели во дел од археолошката област на Теба, Sheikh Adb El Qurna, од страна на Амереканскиот истражувачки центар во Египет (ARCE), со подршка од USAID и Египетското Министерство за Антиквитети. И двете гробници потекнуваат богатата XVIII династија на Новото …

Continue reading »

Mar 19 2015

‘Кога таму горе’ – Вавилонскиот мит за создавањето на светот

Enûma Eliš или во македонски превод ‘Кога таму горе’ се првите зборови со кои почнува еден текст напишан на седум глинени плочки со сумеро-акадско клинесто писмо пронајдени во асирскиот град Нинива во т.н. Библиотека на Асурбанипал, во далечната 1849 година. Текстот го објаснува постанокот на светот и создавањето на луѓето според старата вавилонска митологија. Според митот, …

Continue reading »

Mar 12 2015

Се одржа шестата Музејска Ноќ во Виница

Музејот на град Виница беше претесен да ги собере сите заинтересирани гости на шестата по ред традиционална ‘Музејска Ноќ’, одржана синоќа во организација на музејот ‘Теракота’ – Виница како проект од национален интерес во културата за 2015 година, финансиран од Министерството за култура на Р. Македонија и Општина Виница. Настанот започна со отворање на изложбата …

Continue reading »

Mar 10 2015

Проф. Д-р Виктор Лилчиќ-Адамс: Долината на кралевите ќе ја открива македонската историја

“Дел од фокусот на проектот Археолошки катастар во 2015 година ќе го насочиме кон систематско археолошко топографско лоцирање на пајонските гробови и гробници во Долината на кралевите”, вели д-р Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство. Проектот Археолошки катастар на Република Македонија, археолошките истражувања и геоскенирања на локалитетите Китино Кале, Кичево и Градиште …

Continue reading »

Mar 09 2015

Праисториските дами од Македонија – изложба во Виница

На ден 11.03.2015, среда, со почеток во 20 часот, во организација на Музеј ‘Теракота’ од Виница, ќе се одржи традиционалниот настан ‘Музејска ноќ’. Овогодинешната програма на манифестацијата се состои од изложба насловена како ‘Праисториските дами од Македонија’, чиј автор е Ирена Колиштркова Настева, а за ‘релакс’ на присутните ќе се погрижи Billy Esteban кој ќе има …

Continue reading »

Mar 06 2015

Започнуваат археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа

Со финансиска поддршка на Министерството за култура, Националната установа Музеј-Куманово започнува со археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа или Жеглиговски камен импозантна базалтна карпа од вулканско потекло во околината на Младо Нагоричане. Според досегашните истражувања на локалитетот Костоперска карпа е откриено постоење на повеќеслојна населба со континуиран хронолошки  и културен живот. Станува збор за локалитет …

Continue reading »

Mar 06 2015

Завршува истражувањето на најголемиот антички театар во Македонија

Археолозите привршуваат со истражувањата на античкиот театар во Скупи, една од капиталните инвестиции во чии рамки се извојуваат повеќе пари од вообичаено за истражување на одреден археолошки локалитет. До средината на идниот месец се планира сосема да биде истражен театарот, кој според својата големина бил најголемата античка градба, од првите векови од новата ера на …

Continue reading »

Mar 05 2015

Откриен прекрасен железнодопски котел во Франција (Фото)

Група француски археолози откриле прекрасен железнодопски котел за вино истражувајќи тумул од 5 век пне во близина на селото Лавау, северо-западна Франција. Котелот, најверојатно од хеленско или етрурско производство, е изработен од бронза и има дијаметар од приближно 1 метар. Има четири рачки декорирани со претстави на речниот бог Ахелос. Други декоративни елементи се среќаваат …

Continue reading »

Mar 04 2015

Откриена египетска гробница стара 3000 години

Американски археолози открија 3.000 години стара гробница во јужноегипетскиот град Луксор, соопшти Министерството на антиквитети на Египет. Во соопштението се наведува дека гробницата, чии ѕидови се раскошно насликани, му припаѓала на Аменхотеп, чувар на храмот на египетското боженство Амон, и дека најверојатно поттекнува од времето на Осумнаесетата династија на Новото Египетско Кралство (1543-1292 пред нашата …

Continue reading »