Monthly Archive: April 2015

Apr 28 2015

Престижниот Оксфорд станува достапен за македонските археолози

Македонски млади археолози ќе имаат шанса по еден месец да престојуваат на престижниот Универзитет во Оксфорд, да ги користат богатите библиотеки, да слушаат предавања, да се поврзат со светски институции и имиња од археологијата. Ќе добијат шанса да учат од најдобрите. Ова е само една од иницијативите на Фондацијата „Kирил Трајковски“ со седиште во Лондон, …

Continue reading »

Apr 27 2015

Црквата Св. Петка во село Побожје крие фрескоживопис од 12 век

Скопска Црна Гора со право се нарекува и македонска Света Гора со оглед на голем број цркви кои со векови опстојуваат на овој простор. Една од нив е и Св. Петка во селото Побожје, каде е во тек конзервација на извонредниот фрескоживопис од 15 век. Она што привлекува особено внимание е фактот што во овој …

Continue reading »

Apr 24 2015

Скупи со римскиот театар е грандиозен музеј на отворено

Во последната фаза на истражувањата на античкиот театар најдени се неколку гроба чие откривање е во тек. Овие гробови се особено значајни затоа што ќе го дефинираат хронолошкиот момент кога римскиот театар престанал да функционира и, веројатно, просторот бил искористен за некропола, можеби за христијанските маченици. Последните откритија на мермерната скулптура, заедно со 500 артефакти …

Continue reading »

Apr 21 2015

Утре во Штип професорката Наде Проева ќе одржи промоција на својата нова книга “Религијата на античките Македонци”

Утре, среда 22 Април, со почеток во 13 часот, во свечената сала при Факултетот за образовни науки во Штип, меѓународно признатата професорка д-р Наде Проева ќе одржи промоција на својата нова книга која ја обработува религијата на античките Македонци. Следниот ден (четврток, 23 април), професорката ќе одржи и трибина на тема „Идентитетот и етничноста низ историјата“ (како …

Continue reading »

Apr 20 2015

Во Скопје ќе се одржи предавање за искуствата од конзервацијата на мозаиците од римскиот град Зеугма во Турција

Во Среда (22.04.2015), во Археолошкиот музеј на Македонија, Д-р Роберто Нарди од Археолошкиот конзерваторски центар од Рим, ќе одржи предавање на тема ,,Конзервација на мозаиците од римскиот град Зеугма во Турција,,, при што ќе ги сподели своите искуства од конзервацијата на едни од најзначајните римски мозаци во Источниот Медитаран. Предавањето ќе започне од 15 часот во конференциската …

Continue reading »

Apr 20 2015

Интервју со оксфордскиот професор Ендру Вилсон: Македонија има спектакуларно наследство за кое светот малку знае

Професор е на Универзитетот „Оксфорд“, еден од најреномираните во светот и раководител на катедрата за римска археологија и важи за еден од најпознатите активни археолози во светот. Посетата на земјава и предавањата се закажани уште од минатата година бидејќи распоредот му е однапред пополнет. Професорот Ендрју Вилсон минатата недела одржа три предавања и посети повеќе …

Continue reading »

Apr 10 2015

Оксфордскиот професор Ендру Вилсон во Скопје ќе оддржи предавања за археологијата на економски институции

Угледниот професор Ендру Вилсон од Универзитетот во Оксфорд, кој е водечко име во областа на римската археологија, од 12 до 18 април ќе престојува во Скопје каде што ќе оддржи предавања на Филозофскиот факултет. Првото предавање со наслов „The Archaeology of Economic Institutions“ ќе биде во вторник (14 април) од 12 часот во салата за …

Continue reading »

Apr 02 2015

Откриена скулптура од 2 век на локалитетот Скупи

Археолозите кои го истражуваат скопскиот локалитет Скупи вчера откриле редок артефакт од 2 век наша ера – статуа во облик на обезглавена женска фигура, со која е покриен гроб за кој се претпоставува дека е од доцната антика, 4-5 век. Статуата веројатно е донесена од друг локалитет, извадена како предмет од некој постар објект (сполија), …

Continue reading »

Apr 01 2015

Мистеријата позади изградбата на пирамидите конечно решена !

Начинот на кој биле изградени египетските пирамиди пред 4500 години претставува мистерија која долго време предизвикува големи расправии и полемики во научната јавност. Едни тврдат дека Египјаните имале доволно добар систем и соодветно знаење за да можат да го направат тој потфат, имено, фараоните биле доволно моќни за да имаат една цела армија на работници, архитекти, добавувачи …

Continue reading »