Monthly Archive: July 2015

Jul 30 2015

Завршува овогодинешната истражувачка кампања на локалитетот Старо Бонче

Деновиве завршуваат овогодинешните археолошки истражувања на локалитетот Старо Бонче, сектор некропола југ, датирана во 5-4 век пред нашата ера. Археолошкиот тим предводен од проф. д-р Антонио Јакимовски од Институтот за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје, откри голем број движни археолошки наоди помеѓу кои вниманието го привлекува златната перла откриена во централниот гроб, изработена во техниката филигран и гранулација. Откриени се прстени, …

Continue reading »

Jul 27 2015

Откриени десетина нови гробови во раноантичката некропола кај Старо Бонче

Во раноантичка некропола во близината на кралската гробница кај Старо Бонче, екипа археолози предводени од проф. д-р Антонио Јакимовски од Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет – Скопје, при годинашните археолошки истражувања, пронајдоа десетина нови гробови. Нивната конструкција е од големи камени блокови вертикално поставени, а според металните и керамичките наоди …

Continue reading »

Jul 23 2015

Предавање во Археолошки музеј: Експериментална археологија

На 27.07.2015 (Понеделник) во просториите на Археолошкиот музеј на Македонија ќе се оддржи предавање на тема „Експериментална археологија – реконструкција и производство“ од страна на Francesco Antonio Cellamare од Италија, член на Gruppo RASNA. Предавањето ќе започне во 11:00 часот, а влезот е бесплатен. Веднаш по предавањето македонската јавност ќе има можност да ја погледне изложбата „Накитот …

Continue reading »

Jul 20 2015

Словенските опсади на Солун – 2 дел

Во првиот дел беше пренесена одломка од ‘Чудата на Свети Димитрија Солунски’ која се однесуваше на опсадата на Солун во 586 година. Во овој пост ќе се осврнеме на описот на словенската опсада на Солун во 615 година, предводена од славниот словенски водач Хацон. Во време на епископувањето на Јован, благ споменот да му биде, се крена народот на …

Continue reading »

Jul 17 2015

Заврши годинешната истражувачка кампања на Билазора (ФОТО)

По повеќе од еден месец работа, заврши овогодинешната истражувачка кампања на античкиот локалитет Билазора, Кнежје, Светиниколско. Следува стручна обработка на пронајденото, а потоа и презентација за досегашните резултати од истражувањата. Истражувањата се раководени од страна на проф. д-р Драги Митревски од Филозофскиот факултет во Скопје, во соработка со Народниот музеј на Свети Николе и Управата за заштита …

Continue reading »

Jul 17 2015

Откриен голем словенски храм на германскиот остров Риген

Германските археолози кои го истражуваат ‘ртот Аркона на островот Риген открија градба од 11 век која најверојатно претставувала словенско светилише. Во овој период островот Риген бил познат како голем религиозен центар на западните Словени, се’ до неговото освојување од страна на данскиот крал Валдемар I. Археолозите проценуваат дека храмот бил висок 12 метри и со тоа претставува најголемата …

Continue reading »

Jul 16 2015

“Тука сме!”

Во последно време, Плутон како да го разбуди астрономскиот интерес кај јавноста, па еве еден текст и за тие кои истовремено ја сакаат и историјата… не, не се работи за вонземјани кои дошле да ни ги изградат пирамидите и да ни покажат како се одгледува жито, ама донекаде и вонземјаните се вклучени во приказната. 🙂 …

Continue reading »

Jul 15 2015

Словенските опсади на Солун – 1 дел

Во овој серијал ќе се осврнеме на борбите на македонските словенски племиња против Византија – нивните опсади на Солун опишани во “Чудата на Свети Димитрија Солунски”. “Чудата на Свети Димитрија Солунски” е дело составено од повеќе писатели. Првиот дел од “Чудата…” го напишал солунскиот архиепископ Јован, кој живеел кон крајот на 6 и почетокот на 7 век, …

Continue reading »

Jul 14 2015

Македонски и полски археолози ја бараат Антигонеа на Градиште кај Неготино

Археолошките истражувања на локалитетот Градиште кај Неготино, за кој археолозите претпоставуваат дека е градот Антигонеа, се во тек, а ќе траат до крајот на месецов. Станува збор за повеќегодишен меѓународен проект кој се реализира во соработка меѓу Археолошкиот музеј на Македонија и унивезитетот Гдањск од Полска. Проектот почна во 2009 година и до 2011 година …

Continue reading »