Monthly Archive: October 2015

Oct 29 2015

Продолжуваат археолошките истражувања на енеолитскиот локалитет ‘Свети Атанасиј’ кај Спанчево

Продолжија археолошките истражувања на археолошкиот локалитет „Свети Атанасиј“ во селото Спанчево, Кочанско, кои се предвидени со програмата на Археолошкиот музеј на Македонија. Екипа археолози под стручно раководство на археологот Ирена Колиштркоска Настева, работи на истражувањето на броен движен материјал добиен на источната страна од локалитетот. – Бидејќи се работи за археолошки локалитет кој потекнува од …

Continue reading »

Oct 26 2015

Министерството за култура ќе одвои повеќе средства за доистражување на Билазора

Министерството за култура наредната година ќе одвои поголем фонд на средства за доистражување, конзервација и реставрација на јужната партија на владетелската палата во археолошкото наоѓалиште Билазора кај светиниколското село Кнежје. Ова го истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска која денеска го посети археолошкиот локалитет Билазора, посочувајќи дека само тој дел од владетелската палата останал недоистражен. Билазора бил најголем раноантички град во петти и четврти век пред нашата ера во средиштето на Балканот и е еден од најпрезентативните локалитети во …

Continue reading »

Oct 19 2015

Löwenmensch фигурата – најстарата зооморфна скулптура во светот

Фигурата Löwenmensch (Човек-лав) е најстарата зооморфна скулптура во светот, откриена во 1939 година во пештерата Хохленстејн-Стадел во Швабските Алпи во Германија. Скулптурата, висока 29,6 сантиметри, изработена од слонова коска на рунтав мамут, прикажува човечка фигура (не се знае дали е маж или жена) со глава на европски пештерски лав (Panthera leo spelaea). На левата рака од скулптурата се врежани седум …

Continue reading »

Oct 15 2015

‘Недела на Археологијата’ во Археолошки Музеј на Македонија

По повод една година од отворањето, Архелошкиот Музеј на Македонија, во периодот од 18 до 22 октомври, ја организира манифестацијата ‘Недела на Археологијата’. Оваа манифестација ќе започне на ден 18 октомври (недела) со слободен влез за посетители. Официјалното отворање на манифестацијата ќе започне со изложбата „10 Столбови на Археолошкиот музеј” која ќе се одржи во понеделник (19.10.) со …

Continue reading »

Oct 13 2015

Најстариот еп во светот доби свое надополнување

Музејот во Сулејманија, Ирак, откри 20 нови стихови кои го надополнуваат четвртото поглавје од Епот за Гилгамеш, стар околу 4000 години, а кој на нас ни е познат благодарение на откриените глинени плочки во древниот месопотамиски град Нинива во 1853 година. Во овој еп се раскажува приказната за кралот на Урук, Гилгамеш и неговиот најдобар пријател, дивиот Енкиду. …

Continue reading »