«

»

Oct 06 2014

6 октомври 2014 – Илјада години од смртта на Цар Самоил

Денес е 6 октомври 2014, денот кога се навршуваат точно илјада години од смртта на една од најзначајните личности во македонската историја, најзначајниот средновековен македонски владетел – царот Самоил. Имајќи ја во предвид важноста на оваа личност, како и големината на јубилејот – 1000 години од неговата смрт, се обидов оваа 2014 година на блогот да биде одбележана на еден посебен начин, односно, во изминатите месеци можевте (и сеуште можете) да прочитате низа статии чија тема е Цар Самоил, Самоиловото Царство, појави и настани кои непосредно му претходеле и следеле, како и други теми од македонското средновековие од X до XII век. Тука мора да се напомене и значајната улога на блогот во потикнувањето, организирањето и промовирањето на научната трибина и свечена академија посветени на илјадагодишнината од смртта на Самоил кои беа одржани во Ресен (каде се наоѓа и централата на блогот 🙂 ).

Но, тука не е крајот. Овој серијал ќе продолжи и понатаму, постојано надополнуван и пошируван, бидејќи ликот на Самоил и Самоиловото Царство претставуваат неисцрпен извор за сите истражувачи на македонското минато.

СЛАВА НА ЦАРОТ !

Samoil 1014-2014 Istoriski Blog

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>