«

»

Mar 19 2014

9 000 години стара ритуална палка пронајдена во Сирија

Неодамна, на локалитетот Тел Караса (Tell Qarassa) во јужна Сирија (кој се датира со старост од околу 9000 години и според пронајдоците претставува место каде што живеела фармерска заедница), биле пронајдени 30 обезглавени скелети и коскена палка со две изгравирани човечки лица. Според археолозите, палката со сигурност била употребувана во некој вид на погребни ритуали, но какви точно, невозможно е да се каже. Палката била направена од ребро на тур, изумрен вид на говедо, и е долга 12 сантиметри, но скршена е на двата краја, што укажува дека можно е да била подолга и со повеќе прикази на лица.

face-wand11

Вредноста на палката е нејзината уникатност и таа претставува редок пронајдок преку кој се согледува културната транзицијата на луѓето пред девет милениуми, кои својот артистички интерес го пренасочиле од животните кон човекот.

Покрај палката, голем интерес предизвикуваат и 30 обезглавени скелети, чии глави биле извадени се’ со цел да бидат изложени во животните простории на луѓето, најверојатно како форма на обожавање на предците. Слично откритие е пронајдено и на локалитетот Јерихон во Израел, кое исто така се датира со старост од околу 9000 години.

Во  продолжение следуваат неколку слики од ископувањата на локалитетот Тел Караса:

qarassa-370

9525-excavation-qarassa

9396-excavation-qarassa

9198-excavation-qarassa

9468-excavation-qarassa

51-excavation-qarassa

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>