«

»

Aug 15 2013

Александар Македонски и Коловртот

Разгледувајќи некои стари ракописи (книги) поврзани со Александар Македонски во дигиталната колекција на Британската Библиотека, наидов на една илустрација која го привлече моето внимание и сакав да ја споделам со Вас. Имено, се работи за илустрација која е дел од една француска “Александрида” (средновековен роман во кој е опишан животот на Александар Македонски на еден фантастичен начин) од 15 век која во библиотеката е заведена под името Royal 20 B XX. Илустрацијата го прикажува Александар како седи на својот трон во една соба во која има и Каладриус птици, митолошки птици кои живееле во царските палати и имале способност за лекување, но најинтересен елемент од илустрацијата е прозорецот кој има форма на симболот на вечноста – Коловртот.

Дали се работи за случаен и ненамерен мотив или авторот свесно го ставил таму ? Што мислите ?

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>