«

»

Dec 26 2014

Археолошка изложба 2014

На 29 декември (понеделник) во Архелошкиот Музеј на Македонија во Скопје, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена музејската поставка „Археолошка изложба 2014“ која ќе вклучува повеќе од илијада артефакти од единаесет археолошки локалитети, меѓу кои и богатата колекција од 405 монети на македонските кралеви од Археолошката музејска збирка на Филозофскиот факултет од Скопје, двата штита од III век п.н.е. пронајдени на локалитетот Старо Бонче, близу Прилеп, но и репрезентативните монети и предмети од локалитетот кој прв пат се ископуваше во 2014 година – Градиште кај село Младо Нагоричане.

Поставката ги вклучува локалитетите: Старо Бонче со гробницата од македонски тип од III век п.н.е., потоа Висока на врвот на Селечка планина, античката Билазора кај Свети Николе, Градиште – Младо Нагоричане близу Куманово, Скупи кај с. Злокуќани, Стибера близу Прилеп, Хераклеја Линкестидска кај Битола, Стоби кај Градско, Баргала кај Штип, Цареви Кули над Струмица и Маркови Кули на Водно, Скопје.

Истражувањата на споменатите локалитети се дел од капиталните проекти на Владата на Република Македонија, а се реализираат во координација на Управата за заштита на културното наследство во соработка со Заводите и Музеите и други културни установи од Р. Македонија.

arheoloska izlozba 2014

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>