«

»

Jul 03 2014

Археолошки ископувања на неолитската населба Могила

Во тек се археолошките ископувањата на неолитската тумба во Могила. Овој локалитет претставува една од најкомплексните неолитски населби во Пелагонија, што пак заслужува многу подетално проучување и анализа на културното наследство поврзано со овој период и регион.

neolitska_nasleba_Mogila-347x480

Истражувањата на македонскиот и словенечкиот тим, предводени од Гоце Наумов (Универзитет „Евро Балкан“) и Аленка Томаж (Универзитет при Приморска), се насочени кон утврдувањето на материјалната култура и општествените форми на неолитските заедници кои ја основале и развивале оваа населба.

Притоа, се ископува периферниот дел на тумбата, со цел да се востанови начинот на живеење во граничните зони на населбата, односно меѓу нејзиниот центар и мочурливата околина. Резултатите од истражувањата значително ќе придонесат во темелното разбирање на социјалните и симболичките процеси манифестирани преку архитектурата, садовите, фигурините и алатките на првите земјоделски заедници во Пелагонија.

Покрај археолошките активности, истражувачкиот тим заедно со локалната самоуправа и вработените во училиштето „Гоце Делчев“ во Могила, се насочени и кон запознавање на месното население и учениците со предисторијата на општина Могила. За таа цел, предвидени се предавања во општинската зграда, како и работилници со учениците, со што ќе се зголеми интересот на локалното население за зачувување и презентирање на предисториското културно наследство во Пелагонија.

Текстот е превземен од Cooltura.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>