«

»

Jun 29 2014

Археолошки истражувања 2014: Баргала, Штип (Фото)

Градот Баргала бил оформен во доцната антика, недалеку од левиот брег на реката Брегалница (Астибо), во зоната на автохтоните пајонски Брагилци. Неговата прелиминарна функција била военостратегиска контрола на границата помеѓу доцноантичките провинции Македонија Втора и Средоземна Дакија. Подоцна прераснува во цивилен град.

Локалитетот беше дел од овогодинешните капитални проекти од областа на археологијата на Владата на Република Македонија. Истражувањата беа реализирани од страна на НУ Завод и музеј Штип, а раководител беше археологот Митко Штерјов.

Археолошкиот локалитет влезе во групата капитални проекти со објектот Базилика интра мурос 2, која што во средиштето на градот ја откри археологот д-р Трајче Нацев.

Овогодишните археолошки активности се одвиваат на секторите: Џамалџиски Гробишта (некропола на Баргала), црква Св. Ѓорѓи (средновековна некропола) и делумно Базилика интра мурос 2 (ранохристијанска црква).

Во продолжение следуваат неколку фотографии од локалитетот:

10505481_10202354307238518_9021090361530329437_n 10408510_10202354312478649_1898322334044748865_n

10492216_10202354096033238_1834226656734329055_n 10489714_10202353727104015_1130724480134584332_n 10419524_10202353980470349_8944823742770072111_n 10378148_10202354292998162_2866036806028802678_n 1907366_10202354281557876_2393967644116061048_n 10358747_10202354051232118_4227857070071119247_n 10455234_10202354087513025_1605030685271385971_n 10462569_10202353909428573_5038141725029722357_n 10458347_10202353912828658_3228365818683787765_n 10426867_10202354057792282_4622272280977895373_n

10439002_10202354233116665_6220203674673995173_n

10501660_10202354316518750_1524665732336794434_n

Извор: Управа за заштита на културното наследство

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>