«

»

Jun 26 2014

Археолошки истражувања 2014: Билазора, Градиште, Свети Николе (Фото)

Продолжува откривањето на урбаниот растер на акрополата на најголемиот град во раното античко кралство Пајонија.

Професор д-р Драги Митревски, раководител на Проектот Билазора, го дефинира датирањето на комплексот на палатата во класичниот период, поконкретно од 5. и 4. век пред н.е. 

Градот Билазора е убициран во 1976 година (И. Микулчиќ), истражуван неколку години (В. Нејдингер од САД), за од 2013 го добие статусот капитален проект (Д. Митревски).

Проектот се реализира преку Музејот на градот Свети Николе, во соработка со Општина Свети Николе.

Градот има архајски зачетоци но очигледно е дека процутел во 5. и 4. век пред. н.е. Тоа бил народот Пајонци под владите на кралевите Ликеј, Патрај и Авдолеон. Во 217 година пред н.е., градот го освоил македонскиот крал Филип V, и го анектирал, впрочем како и кралството Пајонија кон кралството Македонија. Пајонија станала интегрален дел на Македонија, под називот Стратегија Пајонија. Кралот Филип V тоа го сторил затоа што ослабнатата Пајонија (поради пробивот на Келтите/Гали веќе не можела да ги блокира нападите на агресивните Дарданци, со оваа анексија тој всушност ја зајакнал одбраната на Македонија од северните агресори.

10472624_10202347511468628_4663229497227141541_n

10488206_10202347448027042_845773663263868277_n

10489873_10202347413026167_2841636242616354609_n 10494823_10202347450147095_3904554306866446175_n10478140_10202347403545930_917936648671082183_n 10487209_10202347594710709_6641464099907603039_n

10430821_10202347464067443_6107301086494908480_n

10471151_10202347410586106_2958769180213904951_n 10359529_10202347568030042_3499900270713125815_n

10481398_10202347387265523_3691892093321045954_n

10481164_10202347528829062_839183876239347200_n 10463884_10202347533749185_7618100121907161808_n 10502429_10202347559949840_5255527387638757610_n 1908343_10202347553629682_7493112182418742465_n

10436365_10202347439026817_8191918824377775675_n

 

Извор: Управа за заштита на културното наследство

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>