«

»

Nov 17 2014

Археолошки истражувања 2014: Коколов рид, Виница (Фото)

Во реализација на Музејот на град Виница се завршени археолошките истражувања на локалитетот Коколов рид кај селото Виничка Кршла, предвидени за 2014 година, со финансии од Министерството за култура на Р. Македонија и Општина Виница. Локалитетот Коколов рид претставува комплексен археолошки локалитет кој бил користен долг временски период како тумуларна некропола во бронзеното, преодниот период и железното време во праисторијата и покасно како место за погребувања со кремирање во периодот од 2- 4 век.

Со истражувањата во 2014 година на периферијата на тумул 1 се истражени 5 гроба со скелетно погребување од преодниот период и 5 со кремирање од римскиот период. Најновите сознанија од истражувањата покажуваат дека карпата под и околу првиот тумул која била исклесана во форма на круг во бронзеното време е праисториско светилиште – сакрален простор каде се вршеле разни ритуални дејствија со оставање на храна. Керамичкиот материјал кој најмногу го среќаваме во јами распоредени околу карпата и во засеците на карпата го докажуваат култниот карактер на ова наоѓалиште.

Со проектот раководеше директорката на музејот на град Виница Јулијана Иванова а во стручиот тим беа вклучени и археолог кустос Благица Стојанова од музејот, дипломираните археолози Костадинов Златко и Велинов Зоран од Виница и студенти на археологија и историја на уметност од Виница.

Во продолжение следуваат неколку фотографии од овогодинешните истражувања на Коколов рид:

Kokolov Rid 1

Kokolov Rid 2

Kokolov Rid 7 Kokolov Rid 5 Kokolov Rid 3 Kokolov Rid 8 Kokolov Rid 4 Kokolov Rid 6

Извор: Музеј “Теракота” – Виница

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>