«

»

Jun 28 2014

Археолошки истражувања 2014: Пелагонија, Старо Бонче (Фото)

Истражувањето на локалитетот Старо Бонче претставува дел од капиталните проекти од областа на археологијата на Владата на Република Македонија и Управата за заштита на културното наследство за 2014 година, односно беше доистражувана владетелската гробница на Павла Чука, единствена од ваков вид во Република Македонија и пошироко.

Се претпоставува дека се работи за гробница на најголемиот крал на античкото кралство Пелагонија. Оваа година се доистражуваше северозападниот надворешен периметар на гробниот тумул, насипот врз северната половина од тумулот и дел од хероонот оформен однадвор југоисточниот периметрален ѕид.

Објектот е еден од најмонументалните владетелски гробници во Македонија. Истиот ќе биде истражен, конзервиран и предаден на употреба пред јавноста. Истражувањата ќе продолжат на секторите Јужна некропола Грамада кај Трите Камни, потоа на месноста Старо Бонче што значи во Долниот Град што се протега на импресивни десетина хектари, просторот каде што во 2006 година беа откриени старомакедонските штитови на воините на македонскиот крал Деметриј Полиоркет (опседнувачот на градовите). Конзервацијата на двата штита што се изведува во НУ Завод и музеј Охрид, е речиси завршена.

Во продолжение неколку фотографии од овогодинешните истражувања на локалитетот:

10511159_10202342239976844_4334867786076475017_n

10356305_10202342192775664_6703816410690072485_n 10377998_10202342167255026_2032677415735164459_n 10433907_10202342183975444_1935647015339717071_n 10464299_10202342170895117_6083878866072739844_n

Извор: Управа за заштита на културното наследство

 

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>