«

»

Jun 22 2014

Археолошки истражувања 2014: Скупи, истражување на античкиот театар (Фото)

Пред неколку дена, при ископувањето го античкиот театар на Скупи кај Скопје, археолозите направија сензационално откритие – Пајонски гроб од 8 и 7 век пред новата ера. Покрај покојникот, во керамички сад тие открија бронзена наочареста фибула – безопасна игла, типична за Пајонците и култен предмет – сончев диск.

Раководителот на истражувањата, проф. д-р Антонио Јакимовски вели дека со овие и со претходните истражувања на Скупи на скопското Kале и со последните истражувања во Kумановско се’ повеќе паѓаат во вода поранешните тврдења. – На оваа територија нема ниту Дарданци ниту Трибали. Нема никаква материјална култура од нив, но ги има Пајонците. Тие тука живееле. По нив доаѓаат и своја власт поставуваат и Македонците. Материјалната култура зборува за тоа – вели Јакимовски.

Овогодинешните археолошки истражувања на Скупи се одвиваат во соработка со Музејот на град Скопје и се дел од капиталните проекти на Владата од областа на археологијата за 2014 година.

Повеќе информации за истражувањето на Скупи прочитајте ТУКА. Во продолжение следуваат неколку фотографии:

1908339_10202312834921736_6851513238661350840_n

10390155_10202312819041339_5838573180224504234_n

Раководителот на истражувањата проф. д-р Антионио Јакимовски со Директорот на Управата за заштита на културното наследство проф. д-р Виктор Лилчиќ

10483995_10202312830361622_4576977197746341717_n 1538842_10202312829561602_5068237218169950758_n

Градителите на театарот форсирајќи темел за ѕид го пресекле пајонскиот гроб

Градителите на театарот форсирајќи темел за ѕид го пресекле пајонскиот гроб

Масивна наочареста фибула, најомилена фибула на Пајонците откриена во гробот

Керамички сад и наочареста фибула откриени во гробот

10406567_10202312816881285_6576031391389779852_n

Се очекува започнување на прецизно археолошко ископување во садот

10435095_10202312816001263_6976148889837794917_n 10480999_10202312809641104_5606527430528537240_n 10402385_10202312816281270_6203017048817902070_n 10455766_10202312812681180_6958144509730917534_n 10303806_10202312813001188_6629911688369913443_n

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>