«

»

Jun 30 2014

Археолошки истражувања 2014: Собранието на Стибера (Фото)

Едно од најголемите археолошки откритија во Македонија во 2014 година, несомнено е булевтерионот (собрание) во Стибера. Ваков објект имале само големите и богати градови и претставувал место каде што претставниците на градовите или делови на општината донесувале одлуки за градот и за територијата. Одлуките подоцна биле пишувани на камен и истакнувани.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство д-р Виктор Лилчиќ за овој објект изјави: “На територија на Македонија вакви градби се насетувани преку споменици од Охрид, од Хераклеја и од Стибера, но досега немавме откриено фактички градби. Првпат ископуваме ваков објект и овој уникатен пример допрва ќе се истражува. Тој едновремено е и аргумент со кој докажуваме дека демократијата на овие простори се практикувала уште во периодот од првиот до третиот век од нашата ера”.

Во текот на ископувањата е откриен и камен со натпис во кој се кажува дека собранието на Стибера подигa и посветува статуа на ќерката на некој Македонијарх (висок чиновник).

Во продолжение следуваат неколку фотографии од истражувањето на булевтерионот во Стибера:

10494603_10202341858207300_1028625665901448443_n 10351814_10202341934129198_3459302218906402053_n 10462756_10202341806806015_6852641290682670856_n 10489621_10202341803285927_20623531494087616_n 10511158_10202341806446006_5446446405516518237_n 10492330_10202341828046546_7759675187698519160_n 10385305_10202341809766089_2996135329586095444_n 10502113_10202341945249476_3402124509312651381_n 10347634_10202341945529483_4198289438112967783_n 10338313_10202341844046946_88504098062813946_n

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>