«

»

Jun 19 2014

Археолошки истражувања 2014: Стибера, Чепигово (Фото)

При годинашните истражувања на локалитетот Стибера, во близина на прилепско Чепигово, откриени се три извонредно значајни објекти кои фрлаат нова светлина на овој значаен македонски локалитет.

Екипата на прилепскиот Завод и музеј, под раководство на археологот Душко Темелкоски, на крајниот северозападен раб на градот Стибера откри подиум од јавен објект, за кој сѐ уште не може да се каже со сигурност дали претставувал мал храм на некое божество или градски жртвеник. Вториот откриен објект со тековните археолошки истражувања е станбен, датира од 3 век од н.е., а се наоѓа јужно од храмот на Тихе. Се работи за објект во кој се регистрирани остатоци од преработка на извесни суровини, присуство на јами и водовод со керамички тубуси, како и просторија во која е регистрирано почитување на египетскиот бог Хор. Последниот откриен објект е најрепрезентативен и се претпоставува дека е од култен карактер.

Локалитетот Стибера беше дел од капиталните владини проекти од областа на археологијата за 2014 година.

Повеќе информации за овогодинешните истражувања во Стибера прочитајте ТУКА. Во продолжение следуваат неколку фотографии од локалитетот:

Истражувачкиот тим во текот на работите

Истражувачкиот тим во текот на работите

10390310_10202285065147509_1857324210161915663_n

Директорот на Управата за заштита на културното наследство проф. д-р Виктор Лилчиќ и раководителот на истражувањата Душко Темелкоски

Директорот на Управата за заштита на културното наследство проф. д-р Виктор Лилчиќ и раководителот на истражувањата Душко Темелкоски

Масивната култна градба, е третиот објект откриен во овогодишната кампања Стибера 2014 година

Масивната култна градба откриена во овогодишната истражувачка кампања

10453335_10202285074707748_2585538645316889519_n

Објектот е откриен во последните денови од кампањата

Раководителот на истражувањата Душко Темелкоски

10407871_10202285038106833_1179861358686315566_n

Објектот јужно од Храмот на Тихе, откриен во овогодишната истражувачка кампања.

Оваа година беше откриен и овој објект јужно од Храмот на Тихе

10345735_10202285060587395_7181411680490017151_n 10373998_10202285060467392_2156612443692627945_n 10369125_10202285058627346_7861980117758452468_n

детали, водовод со керамички тубуси

Водовод со керамички тубуси

огниште

Огниште

10177529_10202285061027406_8740343055890371501_n

10411725_10202285059467367_6102083799146704014_n

10402636_10202285060067382_5068813044253922149_n

Јужна просторија во која е откриен култот на Хор

Јужната просторија од објектот во која е откриен култот на Хор

Релјефна претстава на богот Хор откриена во објектот јужно од храмот на Тихе, Стибера

Релјефна претстава на богот Хор откриена во објектот јужно од храмот на Тихе


Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>