Игор

Author's details

Name: Игор Ефтимовски
Date registered: 03/01/2014

Biography

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Latest posts

  1. Промовирана книгата “Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци” од Проф. д-р Драги Митревски — 03/06/2016
  2. Hacked By Unknown — 02/02/2016
  3. Во среда отворање на “Археолошка изложба 2015” во Археолошки музеј на Македонија — 28/12/2015
  4. Отворена изложбата „Сведоштва за богомилите“ во МАНУ — 14/12/2015
  5. Промоција на книгата „Неолитски фигурини во Македонија“ од Д-р Гоце Наумов — 16/11/2015

Most commented posts

  1. Репортажа: Виена? Париз? Берлин? Не, тоа е Ресен ! — 4 comments
  2. Викендов ќе се одржи 23-от симпозиум на Македонското Археолошко Научно Друштво — 2 comments
  3. Македонскиот јазик во книгата на Тезеј Амброџио Албонесе од 1539 година — 2 comments
  4. Божиците газдувале со Цареви Кули пред 7 милениуми — 1 comment
  5. Саксонски рудари во Македонија — 1 comment

Author's posts listings

Oct 13 2015

Најстариот еп во светот доби свое надополнување

Музејот во Сулејманија, Ирак, откри 20 нови стихови кои го надополнуваат четвртото поглавје од Епот за Гилгамеш, стар околу 4000 години, а кој на нас ни е познат благодарение на откриените глинени плочки во древниот месопотамиски град Нинива во 1853 година. Во овој еп се раскажува приказната за кралот на Урук, Гилгамеш и неговиот најдобар пријател, дивиот Енкиду. …

Continue reading »

Sep 24 2015

Завршија археолошките истражувања на средновековниот град Просек

Со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, во соработка со локалната самоуправа на општина Демир Капија, НУ Археолошки музеј на Македонија и Домот на културата „Мирка Гинова“ – Демир Капија, завршија археолошките истражувања на локалитетот Кале – Стрезов Град, с. Челевец, или попознат како средновековниот град Просек. Од почетокот на септември годинава, …

Continue reading »

Sep 15 2015

Завршија археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа

Со поддршка од Министерството за култура, завршија археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа во Младо Нагоричино, кој е познат и како Жеглиговски камен. Годинашните истражувања на екипите од Музејот од Куманово беа насочени кон разоткривање на ранохристијанската црковна градба, која била идентификувана со ископувањата во 1987 година. Археолозите со овие истражувања дојдоа до нови сознанија …

Continue reading »

Aug 29 2015

Студенти од Италија по трагите на Via Egnatia во Ресен

Група од околу 40 студенти и нивни професори од Università Iuav di Venezia од Венеција, Италија, вчера и денес престојуваа во Ресен како дел од нивната истражувачка експeдиција за древниот римски пат Via Egnatia, кој минувал и низ територијата на Преспа. Стартот на нивната експедиција беше на 16 август од Венеција, па преку Тирана, Драч, Елбасан, Охрид, …

Continue reading »

Aug 20 2015

Активности на НУ Стоби за 2015 година

Во текот на мај и јуни во Стоби се одвиваа археолошки истражувања на Храмот на Изида и Театарот. Ископувањата во секторот Храм на Изида беа насочени кон документирање на просторот околу храмот при што се истражуваа остатоци од објекти од доцната антика, формирани на овој простор во 5-6 век, откако Храмот излегол од употреба. Интересно …

Continue reading »

Aug 17 2015

Кривени – првата населба во Преспа со училиште на македонски јазик

Кривени е старо, повеќевековно село кое се наоѓа на 6 километри северно од Ресен, во пазувите на Бигла Планина. Денес брои само 22 жители, далеку од некогашните 550. Селото важело за населба со развиено печалбарство, но и како населба која дала над 40 учители (меѓу нив е и мојот дедо), па затоа меѓу луѓето постои изреката: “Кривенци ја …

Continue reading »

Aug 10 2015

Ѕвездениот диск од Небра

Ѕвездениот диск од Небра е најстарата пронајдена конкретна претстава на космосот, датиран околу 1600 година пне, и се поврзува со централноевропската бронзенодопска Унетичка култура. Тоа е мал бронзен диск со дијаметар од 30 сантиметри на кој се втиснати златни небески симболи, пронајден во 1999 година во близина на градчето Небра во Саксонија-Анхалт, Германија. Артефактот бил …

Continue reading »

Aug 05 2015

Интервју: Проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство

На задоволство на читателите, денешен гостин на Историски е Проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија. Професор Лилчиќ е познат и признат археолог, ценет од своите колеги и студенти. Тој со својата стручност, професионалност и приврзаност кон археологијата дава посебен белег во развојот и афирмацијата на оваа наука. Историски: Професоре …

Continue reading »

Jul 30 2015

Завршува овогодинешната истражувачка кампања на локалитетот Старо Бонче

Деновиве завршуваат овогодинешните археолошки истражувања на локалитетот Старо Бонче, сектор некропола југ, датирана во 5-4 век пред нашата ера. Археолошкиот тим предводен од проф. д-р Антонио Јакимовски од Институтот за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје, откри голем број движни археолошки наоди помеѓу кои вниманието го привлекува златната перла откриена во централниот гроб, изработена во техниката филигран и гранулација. Откриени се прстени, …

Continue reading »

Jul 27 2015

Откриени десетина нови гробови во раноантичката некропола кај Старо Бонче

Во раноантичка некропола во близината на кралската гробница кај Старо Бонче, екипа археолози предводени од проф. д-р Антонио Јакимовски од Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет – Скопје, при годинашните археолошки истражувања, пронајдоа десетина нови гробови. Нивната конструкција е од големи камени блокови вертикално поставени, а според металните и керамичките наоди …

Continue reading »

Older posts «

» Newer posts