«

»

Oct 11 2014

Бедемите на Константинопол (Видео)

Константинопол, Истанбул, Цариград, Миклагард – се’ се тоа имиња за градот кој милениумски ги поврзувал Истокот и Западот, градот кој успеал да спаси голем дел од класичното знаење и да го пренесе на Европа, и се’ тоа благодарение на неговите силни ѕидини и одбрамбен систем кои своевремено ни самиот “Камшик Божји” не се осмелил да ги нападне. Многу други се обидувале, но не успеале. Некои пак одбрале стратегија да го блокираат градот до изгладнување, но самите биле принудени на глад. па дури и канибализам. За падот на овие исклучително моќни бедеми, било потребно исклучително моќно оружје. Ова е една кратка видео приказна за еден од најсилните фортификациски системи во историјата.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>