«

»

Sep 02 2013

“Бугарите, стари непријатели на Македонците”

“Стари непријатели на Македонците” – вака се опишани Бугарите во еден текст во американскиот весник Daily Public Ledger од 19 април 1907 година. Во такстот се обработува трагичната судбина на македонскиот мигрант Dimetre Naoum (Димитри Наум) кој во состојба на очај се обидел да го убие својот сонародник Thomas James (Томас Џејмс – чудно име за Македонец нели? Веројатно го променил своето крстено име при неговото мигрирање во САД). Имено, Димитри работел во една градежна фирма, а Џејмс бил негов колега. По некое време, Димитри примил писмо од Македонија во кое му било соопштено дека селото во кои живееле неговата жена и дете било нападнато од страна на Бугарите и дека во нападот неговата жена била обесчестена. Потоа, Димитри ја загубил работата и за се’ го обвинил Џејмс, тврдејќи дека тој е виновен за тоа што ја загубил работата, па дури го обвинил дека бил дел од напаѓачите на неговото село. Воден од желба за одмазда, во состојба на очај, Димитри го застрелал Џејмс, по што стапил во бегство, но подоцна бил уапсен од страна на органите за безбедност.

Текстот во весникот Daily Public Ledger од 19 април 1907 на страна 3

Но, она што нас не’ интересира во овој текст е тоа дека во неколку наврати, јасно и недвосмилсено, Македонците се условени како посебен народ. Па така се среќаваат реченици како – “…кој се обиде да убие друг Македонец по име Томас Џејмс…”, “Македонците кои живееја со него…” , “Бугарите, стари непријатели на Македонците…” и во делот од текстот кој се однесува на зачестените непријателства меѓу балканските мигранти – “Се чини дека овие Македонско-Грчко-Бугарски заедници ги пренесоа своите несогласувања во Америка… ”

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>