Category Archive: Археологија

Jun 03 2016

Промовирана книгата “Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци” од Проф. д-р Драги Митревски

Денес во амфитеатарот на Меѓународниот Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин” во Свети Николе се одржа промоцијата на книгата “Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци” од Проф. д-р Драги Митревски. Издавач на книгата е Општинската Установа Народен Музеј – Свети Николе, а ко-издавач МСУ “Г. Р. Державин”. На промоцијата беа присутни повеќе научници, претставници на …

Continue reading »

Dec 28 2015

Во среда отворање на “Археолошка изложба 2015” во Археолошки музеј на Македонија

Управата за заштита на културното наследство со големо задоволство го најавува отворањето на „Археолошка изложба 2015“, која по деветти пат се реализира на крајот од годината, презентирајќи ги најзначајните археолошки пронајдоци откриени во текот на годината. „Археолошка изложба 2015“ ќе се отвори на 30 декември (среда), во 12:30 часот во НУ Археолошки музеј на Македонија. „Археолошка изложба …

Continue reading »

Nov 16 2015

Промоција на книгата „Неолитски фигурини во Македонија“ од Д-р Гоце Наумов

Петок, 20 ноември, со почеток во 20 часот, во Археолошкиот Музеј на Македнија ќе биде промовирана книгата “Неолитски фигурини во Македонија” од Д-р Гоце Наумов. Во монографијата “Неолитски фигурини во Македонија” се презентирани сите досега познати неолитски претстави на човечкото тело пронајдени на повеќе локалитети датирани околу шестиот милениум п.н.е. Во неа се обработени клучните аспекти …

Continue reading »

Nov 05 2015

Заврши истражувањето на театарот во Скупи, почна реконструкцијата и конзервацијата

Целосно е завршено археолошкото истражување на гледалиштето и на сценската зграда на театарот во Скупи, што беше реализирано во последните три години, период во кој се пронајдени околу 8500 вредни артефакти. Како следна фаза, почна реконструкцијата и конзервацијата на сценската зграда на овој најголем антички театар, кој има капацитет од околу 9000 места. Со динамиката на реализација на планот за реконструкција на театарот денеска се запозна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која го посети археолошкиот локалитет Скупи заедно со градоначалниците на град Скопје и на општина Карпош, Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски, заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, директорот на Управата …

Continue reading »

Oct 29 2015

Продолжуваат археолошките истражувања на енеолитскиот локалитет ‘Свети Атанасиј’ кај Спанчево

Продолжија археолошките истражувања на археолошкиот локалитет „Свети Атанасиј“ во селото Спанчево, Кочанско, кои се предвидени со програмата на Археолошкиот музеј на Македонија. Екипа археолози под стручно раководство на археологот Ирена Колиштркоска Настева, работи на истражувањето на броен движен материјал добиен на источната страна од локалитетот. – Бидејќи се работи за археолошки локалитет кој потекнува од …

Continue reading »

Oct 26 2015

Министерството за култура ќе одвои повеќе средства за доистражување на Билазора

Министерството за култура наредната година ќе одвои поголем фонд на средства за доистражување, конзервација и реставрација на јужната партија на владетелската палата во археолошкото наоѓалиште Билазора кај светиниколското село Кнежје. Ова го истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска која денеска го посети археолошкиот локалитет Билазора, посочувајќи дека само тој дел од владетелската палата останал недоистражен. Билазора бил најголем раноантички град во петти и четврти век пред нашата ера во средиштето на Балканот и е еден од најпрезентативните локалитети во …

Continue reading »

Oct 19 2015

Löwenmensch фигурата – најстарата зооморфна скулптура во светот

Фигурата Löwenmensch (Човек-лав) е најстарата зооморфна скулптура во светот, откриена во 1939 година во пештерата Хохленстејн-Стадел во Швабските Алпи во Германија. Скулптурата, висока 29,6 сантиметри, изработена од слонова коска на рунтав мамут, прикажува човечка фигура (не се знае дали е маж или жена) со глава на европски пештерски лав (Panthera leo spelaea). На левата рака од скулптурата се врежани седум …

Continue reading »

Oct 15 2015

‘Недела на Археологијата’ во Археолошки Музеј на Македонија

По повод една година од отворањето, Архелошкиот Музеј на Македонија, во периодот од 18 до 22 октомври, ја организира манифестацијата ‘Недела на Археологијата’. Оваа манифестација ќе започне на ден 18 октомври (недела) со слободен влез за посетители. Официјалното отворање на манифестацијата ќе започне со изложбата „10 Столбови на Археолошкиот музеј” која ќе се одржи во понеделник (19.10.) со …

Continue reading »

Oct 13 2015

Најстариот еп во светот доби свое надополнување

Музејот во Сулејманија, Ирак, откри 20 нови стихови кои го надополнуваат четвртото поглавје од Епот за Гилгамеш, стар околу 4000 години, а кој на нас ни е познат благодарение на откриените глинени плочки во древниот месопотамиски град Нинива во 1853 година. Во овој еп се раскажува приказната за кралот на Урук, Гилгамеш и неговиот најдобар пријател, дивиот Енкиду. …

Continue reading »

Sep 24 2015

Завршија археолошките истражувања на средновековниот град Просек

Со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, во соработка со локалната самоуправа на општина Демир Капија, НУ Археолошки музеј на Македонија и Домот на културата „Мирка Гинова“ – Демир Капија, завршија археолошките истражувања на локалитетот Кале – Стрезов Град, с. Челевец, или попознат како средновековниот град Просек. Од почетокот на септември годинава, …

Continue reading »

Older posts «