Category Archive: Археологија

Sep 15 2015

Завршија археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа

Со поддршка од Министерството за култура, завршија археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа во Младо Нагоричино, кој е познат и како Жеглиговски камен. Годинашните истражувања на екипите од Музејот од Куманово беа насочени кон разоткривање на ранохристијанската црковна градба, која била идентификувана со ископувањата во 1987 година. Археолозите со овие истражувања дојдоа до нови сознанија …

Continue reading »

Aug 29 2015

Студенти од Италија по трагите на Via Egnatia во Ресен

Група од околу 40 студенти и нивни професори од Università Iuav di Venezia од Венеција, Италија, вчера и денес престојуваа во Ресен како дел од нивната истражувачка експeдиција за древниот римски пат Via Egnatia, кој минувал и низ територијата на Преспа. Стартот на нивната експедиција беше на 16 август од Венеција, па преку Тирана, Драч, Елбасан, Охрид, …

Continue reading »

Aug 20 2015

Активности на НУ Стоби за 2015 година

Во текот на мај и јуни во Стоби се одвиваа археолошки истражувања на Храмот на Изида и Театарот. Ископувањата во секторот Храм на Изида беа насочени кон документирање на просторот околу храмот при што се истражуваа остатоци од објекти од доцната антика, формирани на овој простор во 5-6 век, откако Храмот излегол од употреба. Интересно …

Continue reading »

Aug 10 2015

Ѕвездениот диск од Небра

Ѕвездениот диск од Небра е најстарата пронајдена конкретна претстава на космосот, датиран околу 1600 година пне, и се поврзува со централноевропската бронзенодопска Унетичка култура. Тоа е мал бронзен диск со дијаметар од 30 сантиметри на кој се втиснати златни небески симболи, пронајден во 1999 година во близина на градчето Небра во Саксонија-Анхалт, Германија. Артефактот бил …

Continue reading »

Aug 05 2015

Интервју: Проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство

На задоволство на читателите, денешен гостин на Историски е Проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија. Професор Лилчиќ е познат и признат археолог, ценет од своите колеги и студенти. Тој со својата стручност, професионалност и приврзаност кон археологијата дава посебен белег во развојот и афирмацијата на оваа наука. Историски: Професоре …

Continue reading »

Jul 30 2015

Завршува овогодинешната истражувачка кампања на локалитетот Старо Бонче

Деновиве завршуваат овогодинешните археолошки истражувања на локалитетот Старо Бонче, сектор некропола југ, датирана во 5-4 век пред нашата ера. Археолошкиот тим предводен од проф. д-р Антонио Јакимовски од Институтот за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје, откри голем број движни археолошки наоди помеѓу кои вниманието го привлекува златната перла откриена во централниот гроб, изработена во техниката филигран и гранулација. Откриени се прстени, …

Continue reading »

Jul 27 2015

Откриени десетина нови гробови во раноантичката некропола кај Старо Бонче

Во раноантичка некропола во близината на кралската гробница кај Старо Бонче, екипа археолози предводени од проф. д-р Антонио Јакимовски од Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет – Скопје, при годинашните археолошки истражувања, пронајдоа десетина нови гробови. Нивната конструкција е од големи камени блокови вертикално поставени, а според металните и керамичките наоди …

Continue reading »

Jul 23 2015

Предавање во Археолошки музеј: Експериментална археологија

На 27.07.2015 (Понеделник) во просториите на Археолошкиот музеј на Македонија ќе се оддржи предавање на тема „Експериментална археологија – реконструкција и производство“ од страна на Francesco Antonio Cellamare од Италија, член на Gruppo RASNA. Предавањето ќе започне во 11:00 часот, а влезот е бесплатен. Веднаш по предавањето македонската јавност ќе има можност да ја погледне изложбата „Накитот …

Continue reading »

Jul 17 2015

Заврши годинешната истражувачка кампања на Билазора (ФОТО)

По повеќе од еден месец работа, заврши овогодинешната истражувачка кампања на античкиот локалитет Билазора, Кнежје, Светиниколско. Следува стручна обработка на пронајденото, а потоа и презентација за досегашните резултати од истражувањата. Истражувањата се раководени од страна на проф. д-р Драги Митревски од Филозофскиот факултет во Скопје, во соработка со Народниот музеј на Свети Николе и Управата за заштита …

Continue reading »

Jul 17 2015

Откриен голем словенски храм на германскиот остров Риген

Германските археолози кои го истражуваат ‘ртот Аркона на островот Риген открија градба од 11 век која најверојатно претставувала словенско светилише. Во овој период островот Риген бил познат како голем религиозен центар на западните Словени, се’ до неговото освојување од страна на данскиот крал Валдемар I. Археолозите проценуваат дека храмот бил висок 12 метри и со тоа претставува најголемата …

Continue reading »

Older posts «

» Newer posts