Category Archive: Македонска Историја

Dec 14 2015

Отворена изложбата „Сведоштва за богомилите“ во МАНУ

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска беше отворена изложба „Сведоштва за богомилите“ која е резултат на теренско истражување од 2014 година во селата Богомила, Нежилово, Согле и Бистрица. Во нив било раширено богомилството кое пропагирало идеја за социјална еднаквост, братство и слобода на луѓето. Изложбата е дел од активностите на проектот „Богомилското движење …

Continue reading »

Aug 29 2015

Студенти од Италија по трагите на Via Egnatia во Ресен

Група од околу 40 студенти и нивни професори од Università Iuav di Venezia од Венеција, Италија, вчера и денес престојуваа во Ресен како дел од нивната истражувачка експeдиција за древниот римски пат Via Egnatia, кој минувал и низ територијата на Преспа. Стартот на нивната експедиција беше на 16 август од Венеција, па преку Тирана, Драч, Елбасан, Охрид, …

Continue reading »

Aug 17 2015

Кривени – првата населба во Преспа со училиште на македонски јазик

Кривени е старо, повеќевековно село кое се наоѓа на 6 километри северно од Ресен, во пазувите на Бигла Планина. Денес брои само 22 жители, далеку од некогашните 550. Селото важело за населба со развиено печалбарство, но и како населба која дала над 40 учители (меѓу нив е и мојот дедо), па затоа меѓу луѓето постои изреката: “Кривенци ја …

Continue reading »

Jul 20 2015

Словенските опсади на Солун – 2 дел

Во првиот дел беше пренесена одломка од ‘Чудата на Свети Димитрија Солунски’ која се однесуваше на опсадата на Солун во 586 година. Во овој пост ќе се осврнеме на описот на словенската опсада на Солун во 615 година, предводена од славниот словенски водач Хацон. Во време на епископувањето на Јован, благ споменот да му биде, се крена народот на …

Continue reading »

Jul 15 2015

Словенските опсади на Солун – 1 дел

Во овој серијал ќе се осврнеме на борбите на македонските словенски племиња против Византија – нивните опсади на Солун опишани во “Чудата на Свети Димитрија Солунски”. “Чудата на Свети Димитрија Солунски” е дело составено од повеќе писатели. Првиот дел од “Чудата…” го напишал солунскиот архиепископ Јован, кој живеел кон крајот на 6 и почетокот на 7 век, …

Continue reading »

Apr 21 2015

Утре во Штип професорката Наде Проева ќе одржи промоција на својата нова книга “Религијата на античките Македонци”

Утре, среда 22 Април, со почеток во 13 часот, во свечената сала при Факултетот за образовни науки во Штип, меѓународно признатата професорка д-р Наде Проева ќе одржи промоција на својата нова книга која ја обработува религијата на античките Македонци. Следниот ден (четврток, 23 април), професорката ќе одржи и трибина на тема „Идентитетот и етничноста низ историјата“ (како …

Continue reading »

Dec 19 2014

Презентиран „Патот на Александар Македонски низ Република Македонија“

Рутата по која македонскиот крал Александар Трети Македонски поминал со својата војска во 335 г. п.н.е. на враќање од Дунавската кампања, минувала низ 18 денешни општини во Република Македонија. Реконструкцијата ја направи проф. д-р Виктор Лилчиќ, актуелен директор на Управата за заштита на културното наследство, и таа е резултат на неговите теренски и кабинетски археолошки истражувања во изминатите …

Continue reading »

Dec 08 2014

Реконструиран патот по кој Александар Македонски марширал низ Македонија

Александар со македонската војска на територијата на Република Македонија, поминал низ подрачјата на 14 современи македонски општини, посочува проф.д-р Виктор Лилчиќ Адамс. Научната презентација “Обид за реконструкција на патот на Александар Македонски, во 335 година пред н.е. низ Република Македонија, за прв пат е претставена на 23. симпозиум на Македонското археолошко научно друштво што деновиве …

Continue reading »

Oct 17 2014

Александар марширал низ 14 современи општини на Македонија

Александар Македонски марширал низ Република Македонија во 335 година пред нашата ера, вели Виктор Лилчиќ Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство. Во постот на една од социјалните мрежи тој кажува низ кои 14 општини поминал големиот војсководец, објавувајќи и фотографии. -Во јули месец, 335 година пред н.е., Александар III Македонски се враќал …

Continue reading »

Oct 17 2014

Од осоговското сребро се издигна древното пајонско кралство

“Рудничките градови во опфатот на општината Пробиштип, Мавраган Кале, Добревското Градиште, Градиш кај Дренок и уште многу други ги кријат патеките по кои се издигнала раната цивилизација на кралството Пајонија”, вели д-р Виктор Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство Во пазувите на рудоносните Осоговски Планини, откриени се остатоци од над десетина древни …

Continue reading »

Older posts «