Category Archive: Митологија и Фолклор

Feb 02 2016

Hacked By Unknown

Hacked By Not Matter who am i ~ i am white Hat Hacker please update your wordpress Hacked By white hat hacker

Oct 19 2015

Löwenmensch фигурата – најстарата зооморфна скулптура во светот

Фигурата Löwenmensch (Човек-лав) е најстарата зооморфна скулптура во светот, откриена во 1939 година во пештерата Хохленстејн-Стадел во Швабските Алпи во Германија. Скулптурата, висока 29,6 сантиметри, изработена од слонова коска на рунтав мамут, прикажува човечка фигура (не се знае дали е маж или жена) со глава на европски пештерски лав (Panthera leo spelaea). На левата рака од скулптурата се врежани седум …

Continue reading »

Oct 13 2015

Најстариот еп во светот доби свое надополнување

Музејот во Сулејманија, Ирак, откри 20 нови стихови кои го надополнуваат четвртото поглавје од Епот за Гилгамеш, стар околу 4000 години, а кој на нас ни е познат благодарение на откриените глинени плочки во древниот месопотамиски град Нинива во 1853 година. Во овој еп се раскажува приказната за кралот на Урук, Гилгамеш и неговиот најдобар пријател, дивиот Енкиду. …

Continue reading »

Mar 19 2015

‘Кога таму горе’ – Вавилонскиот мит за создавањето на светот

Enûma Eliš или во македонски превод ‘Кога таму горе’ се првите зборови со кои почнува еден текст напишан на седум глинени плочки со сумеро-акадско клинесто писмо пронајдени во асирскиот град Нинива во т.н. Библиотека на Асурбанипал, во далечната 1849 година. Текстот го објаснува постанокот на светот и создавањето на луѓето според старата вавилонска митологија. Според митот, …

Continue reading »

Feb 22 2015

Јужнословенски топоними кои ги содржат имињата на словенските богови

Листајќи на интернет наидов на една многу интересна листа на јужнословенски топоними и кои во себе ги содржат имињата на некои од словенските богови, па се решив да ја споделам со Вас. 🙂 1. Република Македонија: – Велес, град – Велешта, село кај Струга – Велестово, село кај Охрид – Марена, село кај Кавадарци – Моране, село кај …

Continue reading »

Jan 11 2015

Духовите на џоломарите

Малкумина знаат, а уште помалку присуствувале на единствениот обреден, ритуален пречек на Василица во кавадаречкото село Бегниште. Според етнолозите, како и сите други обичаи на маскирање, тој потекнува од паганските времиња. Но во ова село ритуалот е зачуван во својата најчиста, изворна форма и затоа е единствен во Македонија. Тука го нарекуваат – џоломари. Патувањата …

Continue reading »

Nov 26 2014

Мапа на световите

Тема на овој пост е еден многу интересен обреден артефакт пронајден во околината на градот Олденбург во Холштајн, Германија, кој ни покажува како Вагрите и останатите балтички Словени го замислувале светот на живите, мртвите и боговите, односно претставувал своевидна митолошка космолошка мапа. Вагрите биле едно од бројните словенски племиња кои во 6 век мигрирале во …

Continue reading »

Nov 11 2014

Мартинци – Волчји денови

Празникот Мартинци што како и некои други празници во народот се среќава со разни имиња (Мартинија, Волчји празник и сл.) се врзува со различни датуми. Трае различно еден, три денови но најчесто е поврзан со 14. ноември според стариот, односно со 27 ноември според новиот календар. Со овој празник најчесто се поврзани повеќе обичаи со …

Continue reading »

Nov 03 2014

Нордиските шаманистички воини

Еден од најраспространетите епитети со кои се опишуваат Викинзите е тоа дека биле силни и застрашувачки воини. Дури и во модерниот англиски јазик, зборот со кој се опишува некој кој наеднаш избувнува, побеснува, полудува, станува див, фуриозен, се користи фразата ‘going berserk’, а директно потекнува од називот за еден тип на воини од Викиншката доба …

Continue reading »

Aug 18 2014

Божествените тројства во европските митологии

Во сите делови на светот се развиле голем број на верувања и митологии, составени од голем број на натприродни суштества и богови. Во таа хиерархија на богови некои се одделуваат како најважни и најзначајни (врховни богови), некои претставуваат симбиоза на два или повеќе богови (пример египетското божество Амон-Ра претставува симбиоза на богот на сонцето Ра …

Continue reading »

Older posts «