Category Archive: Светска Историја

Jul 16 2015

“Тука сме!”

Во последно време, Плутон како да го разбуди астрономскиот интерес кај јавноста, па еве еден текст и за тие кои истовремено ја сакаат и историјата… не, не се работи за вонземјани кои дошле да ни ги изградат пирамидите и да ни покажат како се одгледува жито, ама донекаде и вонземјаните се вклучени во приказната. 🙂 …

Continue reading »

Feb 10 2015

Викиншките графити во Аја Софија

Константинопол – ‘Вториот Рим’, градот на Босфорот, градот кој ги поврзува Истокот и Западот, милениумски центар на светот, место каде се собирале, тргувале, работеле, живееле луѓе од сите ‘ќошина’ на Земјата, па и Викинзи од ладната Скандинавија. Миклагард – го викале овој град тие, или ‘Големиот Град’ по ‘нашки’. Како сведоци за нивното битисување во …

Continue reading »

Nov 03 2014

Нордиските шаманистички воини

Еден од најраспространетите епитети со кои се опишуваат Викинзите е тоа дека биле силни и застрашувачки воини. Дури и во модерниот англиски јазик, зборот со кој се опишува некој кој наеднаш избувнува, побеснува, полудува, станува див, фуриозен, се користи фразата ‘going berserk’, а директно потекнува од називот за еден тип на воини од Викиншката доба …

Continue reading »

Oct 11 2014

Бедемите на Константинопол (Видео)

Константинопол, Истанбул, Цариград, Миклагард – се’ се тоа имиња за градот кој милениумски ги поврзувал Истокот и Западот, градот кој успеал да спаси голем дел од класичното знаење и да го пренесе на Европа, и се’ тоа благодарение на неговите силни ѕидини и одбрамбен систем кои своевремено ни самиот “Камшик Божји” не се осмелил да ги нападне. …

Continue reading »

Sep 14 2014

Втората индустриска револуција и појавата на империјализмот

Гостинска статија на Јулија Митревска. Со изгревањето на зраците на 19-от век, почнале да наѕираат и мугрите на современото општество. Индустриската револуција, започнувајќи од 1700 година, британското агро-рурално тло го преобразила во синоним за масовно машинско производство коешто ја затресе и промени европската утроба засекогаш. Ја означи машинската ера, којашто малите работни простории ги замени …

Continue reading »

Jul 30 2014

Историската позадина на фудбалското ривалство помеѓу Манчестер Јунајтед и Лидс

Фудбалот, и воопшто спортот, не би биле една од најважните работи во светот доколку во нив нема натпрварувачки дух и ривалство, кога екипите се директни конкуренти во одредено натпреварување, па во нивните меѓусебни настапи влегуваат со огромен влог и емоции. Но, во некои одредени случаи, ривалството помеѓу две екипи може да биде предизвикано од настани …

Continue reading »

Jul 26 2014

Краток историски осврт на хеви металот

Најголемото богатство на човештвото е културата. Досега на блогот се пишувало за културата на различни народи и луѓе од пред повеќе стотици и повеќе илјади години кои нам ни оставиле во наследство голем број на научни сознанија, уметнички вредности и практични вештини, нешто што ние понатаму треба да го градиме. Тука се поставува и прашањето …

Continue reading »

Jul 20 2014

Поглед кон животот на еден тинејџер во стариот Рим (Видео)

Видеото Ви го претставува 17-годишниот Луциј Попидиј Секундус, граѓанин на Рим во 73 година. Преку него ќе се запознаете со обредите на иницијација, договорените бракови, образованието, честите посети на градските бањи, ноќните банкети… работи кои биле типични за животот на еден тинејџер во стариот Рим.

Jul 18 2014

Најзначајните градови во Картагинската колонијална мрежа

Картагина се “родила” како колонија на феникискиот град Тир во IX век п.н.е., а стекнала политичка независност во VII век п.н.е. Според легендите таа била основана од страна на тирската принцеза Дидо. Својот најголем подем Картагина го имала во VI и V век п.н.е., за време на владеењето на династијата на Магонидите, кога изградила силна морнарица …

Continue reading »

Jun 20 2014

‘Честитки господине, Вие штотуку го купивте Римското Царство!’

Низ својата повеќевековна историја, Римската Империја поминала низ голем број на турбулентни периоди, како од социјален, воен, така и од политички карактер. Една таква политичка криза се случила и во 193 година, позната и како ‘Година на петте императори’. Се’ започнало со убиството на 17-от император Комодус на 31 декември 192 година. Ова убиство било организирано …

Continue reading »

Older posts «