Category Archive: Uncategorized

Aug 29 2015

Студенти од Италија по трагите на Via Egnatia во Ресен

Група од околу 40 студенти и нивни професори од Università Iuav di Venezia од Венеција, Италија, вчера и денес престојуваа во Ресен како дел од нивната истражувачка експeдиција за древниот римски пат Via Egnatia, кој минувал и низ територијата на Преспа. Стартот на нивната експедиција беше на 16 август од Венеција, па преку Тирана, Драч, Елбасан, Охрид, …

Continue reading »

Aug 05 2015

Интервју: Проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство

На задоволство на читателите, денешен гостин на Историски е Проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија. Професор Лилчиќ е познат и признат археолог, ценет од своите колеги и студенти. Тој со својата стручност, професионалност и приврзаност кон археологијата дава посебен белег во развојот и афирмацијата на оваа наука. Историски: Професоре …

Continue reading »

Apr 21 2015

Утре во Штип професорката Наде Проева ќе одржи промоција на својата нова книга “Религијата на античките Македонци”

Утре, среда 22 Април, со почеток во 13 часот, во свечената сала при Факултетот за образовни науки во Штип, меѓународно признатата професорка д-р Наде Проева ќе одржи промоција на својата нова книга која ја обработува религијата на античките Македонци. Следниот ден (четврток, 23 април), професорката ќе одржи и трибина на тема „Идентитетот и етничноста низ историјата“ (како …

Continue reading »

Apr 20 2015

Во Скопје ќе се одржи предавање за искуствата од конзервацијата на мозаиците од римскиот град Зеугма во Турција

Во Среда (22.04.2015), во Археолошкиот музеј на Македонија, Д-р Роберто Нарди од Археолошкиот конзерваторски центар од Рим, ќе одржи предавање на тема ,,Конзервација на мозаиците од римскиот град Зеугма во Турција,,, при што ќе ги сподели своите искуства од конзервацијата на едни од најзначајните римски мозаци во Источниот Медитаран. Предавањето ќе започне од 15 часот во конференциската …

Continue reading »

Apr 10 2015

Оксфордскиот професор Ендру Вилсон во Скопје ќе оддржи предавања за археологијата на економски институции

Угледниот професор Ендру Вилсон од Универзитетот во Оксфорд, кој е водечко име во областа на римската археологија, од 12 до 18 април ќе престојува во Скопје каде што ќе оддржи предавања на Филозофскиот факултет. Првото предавање со наслов „The Archaeology of Economic Institutions“ ќе биде во вторник (14 април) од 12 часот во салата за …

Continue reading »

Apr 01 2015

Мистеријата позади изградбата на пирамидите конечно решена !

Начинот на кој биле изградени египетските пирамиди пред 4500 години претставува мистерија која долго време предизвикува големи расправии и полемики во научната јавност. Едни тврдат дека Египјаните имале доволно добар систем и соодветно знаење за да можат да го направат тој потфат, имено, фараоните биле доволно моќни за да имаат една цела армија на работници, архитекти, добавувачи …

Continue reading »

Mar 25 2015

Обука за работа со георадар на Скупи

Управата за заштита на културното наследство оваа недела (22-29 март) организира обука за користење високотехнолошки методи во архелогијата, а во соработка со НУ Археолошки музеј на Македонија и фирмата „Геоархео“ од Хрватска. Обуката на македонските археолози за работа со георадар, кој го поседува Управата, ја прават Горан Скелац, дипломиран археолог и Јурица Горичанец, инжeнер по …

Continue reading »

Mar 09 2015

Праисториските дами од Македонија – изложба во Виница

На ден 11.03.2015, среда, со почеток во 20 часот, во организација на Музеј ‘Теракота’ од Виница, ќе се одржи традиционалниот настан ‘Музејска ноќ’. Овогодинешната програма на манифестацијата се состои од изложба насловена како ‘Праисториските дами од Македонија’, чиј автор е Ирена Колиштркова Настева, а за ‘релакс’ на присутните ќе се погрижи Billy Esteban кој ќе има …

Continue reading »

Jan 21 2015

Меѓународна конференција за новите научни методи во археологијата

Петок (23.01.2015), со почеток во 12 часот, во Археолошкиот музеј на Македонија ќе се одржи меѓународната конференција за нови научни методи во археологијата “One Step Beyond: А Multidisciplinary Approach in Archaeology”. На конференцијата ќе присуствуваат еминентни научни работници од Македонија, Чешка и Србија. Организатор на конференцијата е македонскиот археолог Гоце Наумов во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија. Целосната …

Continue reading »

Jan 19 2015

Топ 10 археолошки откритија за 2014 година

Годинешниве топ 10 откритија доаѓаат од сите делови на светот и ги опфаќаат сите векови, но како што укажува списанието “Археологија“ тие се обединети во намерата да покажат дека археологијата е способна да ги открие сокриените вистини и да потсети дека секогаш постојат нови работи кои можеме да ги научиме за минатото. Списанието “Аrchaeology” на Американскиот …

Continue reading »

Older posts «