«

»

Apr 27 2015

Црквата Св. Петка во село Побожје крие фрескоживопис од 12 век

Скопска Црна Гора со право се нарекува и македонска Света Гора со оглед на голем број цркви кои со векови опстојуваат на овој простор.

Една од нив е и Св. Петка во селото Побожје, каде е во тек конзервација на извонредниот фрескоживопис од 15 век. Она што привлекува особено внимание е фактот што во овој храм при конзерваторските работи од страна на Конзерваторскиот центар Скопје е откриен и неколку века постар слој на фрескоживопис за кој се претпоставува дека е од 12 век.

crkvata-sv.petka-vo-selo-pobozhje-krie-freskozhivopis-od-12-vek-1

Според конзерваторите ова укажува дека на овие простори и во 12 век христијанството било доста развиено, а се правеле и голем број на цркви.

“Во стариот дел од црквата “Св. Петка” на која во 19 век и се доградени припрата и влезот, а од поновиот период е и камбанаријата, може да се види богат фрескоживопис кој опфаќа површина од 200 квадратни метри. Според натписите тој потекнува од 15 век, иако името на фрескосликарите не се откриени. Она што е особено интересно е дека при конзервацијата на овој богат фрескоживопис во стариот дел од црквата кој привлекува големо внимание иако со години е прилично оштетен, па дури во сегменти и прекриен со мрсни бои, на јужниот ѕид е откриен постар слој”, објаснува м-р Стојмир Стојанов, конзерватор советник во Конзерваторскиот центар Скопје.

crkvata-sv.petka-vo-selo-pobozhje-krie-freskozhivopis-od-12-vek-2

Тој посочува дека при обемната конзервација минатата година е направена и сонда, каде што се гледа сина боја карактеристична токму за сликање во 12 век.

“Визуелно посматрано таа е слична на бојата на фреските од црквата “Св. Пантелејмон” во селото Горно Нерези за која се знае дека е од 12 век. Од тие причини неопходно е да се направат дополнителни хемиски анализи на бојата, по што ќе можеме да пристапиме и на раслојувањена фреските со цел да се откријат оние постарите што секако е атрактивно не само за историчарите од земјата и странство туку и за секој посетител и турист”, вели Стојанов кој има магистрирано токму на тема раслојување на целосно пресликана икона, метод кој за првпат се користи во Македонија.

crkvata-sv.petka-vo-selo-pobozhje-krie-freskozhivopis-od-12-vek-3

Тој истакнува дека средства за конзерваторските работи на овој верски храм се обезбедени од Министерството за култура, а со дополнителна финансиска подршка би биле овозможени и нови хемиски анализи, како и раслојување на вредниот фрескоживопис со цел да се види целата убавина на најстариот слој од 12 век.

Исто така врз основа на начинот на ѕидање на старата црква во науката постои мислење дека била подигната токму во 12 век.

Автор: Д.Т.

Текстот е превземен од Вечер.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>