«

»

Jun 24 2014

Цвеќето на животот

“Долго си одел, Гилгамеш,
многу си претрпел
и многу маки си поднел.
Што да ти дадам
среќно во татковината да стигнеш?
Тајна една сакам да ти откријам
за чудотворната трева сакам да ти кажам.
Тревата на трн е слична,
а длабоко во морето расте.
Штом таа трева во рацете свои ја имаш
од неа каснеш,
вечна младост ќе најдеш и вечен живот”

                              – Утнапиштим, Епот за Гилгамеш, 11 плоча.

Според античкиот филозоф Епикур, човекот е постојано преокупиран со голем број на стравови, но два се издвојуваат како најголеми: стравот од смртта и стравот од Боговите, и двата тесно поврзани со конечноста на човечкиот живот. Така, човекот, постојано следен од сенката на смртта, секогаш се стреми да извлечи максимум од својот живот, да проживее убаво и да остави трага зад себе. Но, некои луѓе одбивале да се соочат со таа природна неминовност и постојано барале начини како да ја избегнат конечноста, да ја изиграат смртта и да постигнат вечна младост и живот.

Не е мал бројот на големи историски личности кои трагале по тајната на вечната младост, не е мал бројот на алхемичари кои трагајќи по ‘Каменот на мудрецот’ (алхемиска формула која дарувала вечен живот и секој метал го претворала во злато), иронично, го загубиле својот живот. Тука се и големиот број на легенди, преданија, митови и епови кои како тема ја имаат оваа потрага. Имено, во нашиот фолклор застапени се преданијата за Александар Македонски кој трагал по “бесмртната вода” (Види го четвртото предание од статијата: Македонски народни преданија за Цар Александар).

Оваа тема била толку важна за луѓето, што тие создале и голем број на симболи кои го претставуваат времето, животното суштествување и вечноста, од кои како најпознати се јавуваат Свастиката, Коловртот и “Цвеќето на Животот”.

Flower_of_Life_rosette_shape

Ур-Шанаби, еве ја тревата ја имам!
Ова е трева живот што ветува.
Сега ќе биде исполнета желбата на човекот,
младоста во полна сила ќе му биде зачувана.
Сакам да ја однесам
во мојот Урук утврден,
на сите јунаци да каснат ќе им дадам,
на мнозина сакам да ја поделам.
Името на билката е „старецот пак млад станува“.
Јас сакам од неа да каснам,
силата на мојата младост
пак да ја вратам”
                              – Гилгамеш, Епот за Гилгамеш, 11 плоча.

Најраната претстава на овој симбол е пронајдена во Храмот на Озирис во Абидос, Египет:

The Flower of Life symbol drawn in red ochre Temple of Osiris at Abydos, Egypt

Но, овој симбол може да се сретне и на Далечниот Исток:

China-beijing-forbidden-city-P1000157-detail

Скулптура во Забранетиот град, Пекинг, Кина.

Flower of Life – Hampi, India 1

Хампи, Индија.

The Golden Temple of Amritsar with the Flower of Life

Златниот храм во Амритсар, Индија.

и на Блискиот Исток:

Mosaic floor from a bathhouse in Herod's palace, 1 Century BCE

Поден мозаик во бањата на Херодовата палата во Ерусалим, Израел, 1 век п.н.е.

The Herodian Quarter

Мозаик во Херодовиот кварт во Ерусалим, Израел.

Authorities in Israel have recovered eleven 2,000-year-old ossuaries that were recently looted from a burial cave in Jerusalem.

2000 години стари погребни ковчези пронајдени во Ерусалим, Израел.

Pot, Abbasid art. Syria, 10 century

Лонец од 10 век, Сирија.

Silver Cup. Northern Iran, 10th–9th century B.C.

Сребрена чаша од Северен Иран, 10-9 век п.н.е.

и на Кавказ:

Rosette from Martqopi Monastery, Georgia 1

Во манастирот во Марткопи, Грузија.

во Северна Африка:

Stele with image of Tanit, Carthage

Стела од Картагина, Тунис.

и во Европа:

Надгробен крст од Еноа, Франција.

Надгробен крст од Еноа, Баскија, Франција. На крстот е прикажан и коловрт.

Надгробен споменик од Итксасу, Франција.

Надгробен споменик од Итксасу, Баскија, Франција.

Armendarits, France

Во Армендаритс, Баскија, Шпанија.

Catholic parish church of San Miguel in Eire (Pantón) in the Spanish province of Lugo (Galicia), console

Во црквата Св. Мигуел во Пантон, Галиција, Шпанија.

Column Algezares early Christian basilica in Murcia (Spain)

Столб од ранохристијанска базилика во Мурсија, Шпанија.

Visigothic stone stelae belonging to a Christian place of worship. Tossal from the Basses, s'Albufereta area, Alicante.

Визиготска стела од Аликанте, Шпанија.

Sant_Vicient_d'A_Buerda_-_Hexapétala

Столб од Лабуерда, Шпанија.

Basilica of St. Martin (Bingen), late ancient inscription

Доцноантички артефакт од базиликата Св. Мартин во Бинген, Германија. Симболот “Цвеќе на животот” се наоѓа во долните агли.

Consecration stone of Benefiziariers Lucius Pompeius Gratinus from the year 179 AD Found in Ancient Jagsthausen.

Римски артефакт од 179 г. пронајден во Јагстхаузен, Германија. “Цвеќето на животот” е претставено во горните агли.

Celtic Crosses excavated on Great Cumbrae, North Ayrshire, Scotland. Located in the Cathedral of the Isles.

Артефакт од Големо Кумбрае, Шкотска.

St. Magnus Cathedral, Kirkwall, Scotland. Надгробен споменик. Се претпоставува дека е од 13-от век

Надгробен споменик од 13 век во катедралата Св. Магнус во Кирквал, Шкотска.

Weitra, Австрија, Auhofgasse улица. Во една средновековна зграда се наоѓа на таванот. Симболот може да биде стар скоро 500 години

На таванот од една средновековна зграда во Веитра, Австрија. Симболот може да биде стар скоро 500 години.

Patriarch's basilica, Aquileia. Mosaic ( 4th century ) with geometrical patterns.

Мозаик од 4 век во Патријаршиската базилика во Аквилеа, Италија.

Grado, Italy. Sant'Eufemia - Mosaic ( 6th century ) with rosette and latin inscription.

Мозаик од 6 век во базиликата Св. Еуфемија во Градо, Италија.

Monreale-marble floor

Детал од подот во катедралата во Монреал, Сицилија, Италија.

Ancient Roman mosaic floor (2nd century AD) in the Domus dell'Ortaglia, Brescia, Italy.

Римски поден мозаик од 2 век во Куќата на Ортаглија, Бреша, Италија.

Tønning church in Brædstrup – Denmark 2

Во црквата во Браедструп, Данска.

Wooden Church Lozna, Salaj. Romania

Во дрвената црква во Лозна, Романија.

Wooden Church Cojocna. Romania

Во дрвената црква во Кожокна, Романија.

FOL-Preslav-Bulgaria

Во Преслав, Бугарија.

Подова мозайка от X в. от двореца в Преслав

Поден мозаик од 10 век во Преслав, Бугарија.

Кај словенските народи, овој симбол добил значење и како симбол на богот-громовник Перун, па затоа бил гравиран на гредите од покривите на куќите (како заштита од неговите молњи):

Греда од 1861 година. Се наоѓа во Архитектонскиот музеј во Санок, Полска.

Греда од 1681 година. Се наоѓа во Mузејот на рурална архитектура во Санок, Полска.

Симболот “Цвеќе на животот” се среќава и во нашата Македонија:

Мозаик во синагогата во Стоби.

Мозаик во синагогата во Стоби.

Мозаик во римските бањи во античкиот македонски град Дион (денес во Грција).

Мозаик во римските бањи во античкиот македонски град Дион (денес во Грција).

Мермерна плоча на скопско Кале.

Мермерна плоча на скопско Кале. На неа има и претстава на коловрт.

kolovrt sv sofija ohrid 11 vek

Мермерна плоча од црквата Св. Софија, Охрид, датирана околу 1037-1045 година. Долу десно се наоѓа “Цвеќето на животот”, а горе десно коловртот.

камена пластика - Локалитет Црквиште, с. Мородвис, Кочанско

Камена плоча од локалитет Црквиште, с. Мородвис, Кочанско. Покрај “Цвеќето на животот” (средина и лево), прикажан е и коловртот (десно и долу).

Slepče Monastery, Macedonia

Во манастирот “Св. Јован Претеча” во Слепче, Демирхисарско.

Macedonian cross in Vodoča monastery, Macedonia

Во Водочкиот манастир, Струмичко.

***********************

Но, и покрај сите човечки обиди за откривање на тајната на вечниот живот, природата секогаш излегувала како победник, а само големите дела кои ги оставаме зад себе се вечни и безвременски.

“Змија една мирисот на тревата го сети,
се довлече и тревата ја зеде.
Гилгамеш се врати и змијата ја проколна.
Седна и заплака,
солзи низ лицето му течеа.
Ур-Шанаби, бродарот, в очи го погледна:
„За кого се трудеа моите раце, Ур-Шанаби?
За кого капки крв моето срце лееше?
Се трудев, но тоа мене
ништо добро не ми донесе.
За црвот што в земја лази
добро сторив!
Нему тајната му е знајна, тој тревата на животот ја зеде.
Судбоносни знаци видов,
сите настојувања мои се залудни.
Тревата по море ме водеше.
Отсега од морињата и реките ќе бегаме,
а коработ на брегот нека лежи“.
Дваесет двојни часови понатаму одеа
и кубето на храмот го здогледаа.
По триесет двојни часови
запреа да се одморат,
очи кренаа
кон градот со светиот храм.
Тогаш до Урук дојдоа,
и во градот со ѕидишта високи влегоа.
Гилгамеш на Ур-Шанаби, бродарот,
му рече:
„Качи се на ѕидот, Ур-Шанаби!
По ѕидиштата на Урук утврден оди!
Гледај колку му се цврсти темелите
и храмот колку висок е.
Градбите погледни ги,
од тули се градени,
сите од тули печени!
Седум мудри мајстори, советници мои.
планови ми предложија.
Земја нека ти припадне
на градското подрачје,
и бавча и одаја за жените нека ти припадне!
Во Урук треба куќа да изградиш!”

                              – Епот за Гилгамеш, 11 плоча.

 

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>