«

»

Jul 23 2014

Ѕирнете во златото на македонските кралеви!

Во светот има многу малку златни колекции како златниот трезор од Тремник на Вардар. Од Македонија ова е врвен репрезент”, вели Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство, на неколку часа пред патувањето во Германија, каде што во реномираниот Келтско-римски музеј во Манхинг, вечерва ќе се отвори изложбата Златните лица на македонските кралеви – Македонците и Келтите од Охридскиот регион”.

Покрај богатството, кое главно е од градот Лихнид на Охридското Езеро (Горна порта) и златниот трезор од Тремник во близина на градот Неготино, античката Антигонеа, дел од поставката се и предмети кои ги поседувале група Келти кои некаде во 3. век п.н.е. како платеници своите животи ги положиле во одбрана на граѓаните на Лихнид.

Според д-р Лилчиќ, артефактите од златниот трезор од Тремник најверојатно му припаѓале на офицер кој верно служејќи му на Александар Македонски со премијата се вратил во родниот крај?!

Артефактите се осигурани на 5 милиони и 368 илјади евра, а по претставувањето во Германија, според директорката Весела Честоева, тие ќе бидат изложени во новиот Археолошки музеј.

Медалјон со кочија на која се вози богот на морето, Посејдон, препознатлив  по неговиот трозабец, познат како тридент. Десната рака, свиткана во лактот, му е подигната, како да го држи коњот. Според Лилчиќ, веројатно, овој артефакт е донесен од преку Медитеранот.

Медалјон со кочија на која се вози богот на морето, Посејдон, препознатлив
по неговиот трозабец, познат како тридент. Десната рака, свиткана во лактот, му е подигната, како да го држи коњот. Според Лилчиќ, веројатно, овој артефакт е донесен од преку Медитеранот.

Во депото има два златни статери, од кои на едниот е прикажана кочијата на Филип Втори со која победил на Олимписките игри. Тој е со ловоров венец во косата, има два коња што влечат двоколка, а под нозете на коњот има кантарос, односно пехар со кој се наздравува.

Другата страна од парата на Филип Втори со глава на Аполон украсена со ловоров венец во косата.

Другата страна од парата на Филип Втори со глава на Аполон украсена со ловоров венец во косата.

Статер на Александар Македонски. Пронајден под статерот на Филип, на длабочина од 40 сантиметри. Прикажана е глава на Атина со коринтски шлем на десно.

Статер на Александар Македонски. Пронајден под статерот на Филип, на длабочина од 40 сантиметри. Прикажана е глава на Атина со коринтски шлем на десно.

Другата страна на статерот на Александар Македонски, каде што е прикажана божица, крилестата Нике, која стои исправена со венец во десната испружена рака и тридент во левата. Веројатно е донесен после времето од Александар Македонски. Постои веројатност дека го донел некој од неговите офицери.

Две златни фигури од кои е составена златна безопасна. Му припаѓале на благородник. Составени од лак, со ѕвездовидни декоративни елементи. Едната фигура е како змиска глава со очи, што е многу ретко. Според Лилчиќ, најдени се 4 вакви фигури, а тој во литературата немал забележано за слични наоди, што ги прави уште поексклузивни. Датираат од втората половина на 4. век.

Две златни фигури од кои е составена златна безопасна игла. Му припаѓале на благородник. Составени од лак, со ѕвездовидни декоративни елементи. Едната фигура е како змиска глава со очи, што е многу ретко. Според Лилчиќ, најдени се 4 вакви фигури, а тој во литературата немал забележано за слични наоди, што ги прави уште поексклузивни. Датираат од втората половина на 4. век.

Приврзоци од ѓердан со разни алки со златни гранули.

Приврзоци од ѓердан со разни алки со златни гранули.

8

Имитација на желад виси на ѓердан.

Текстот е превземен од Вечер.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>