«

»

Aug 10 2015

Ѕвездениот диск од Небра

Ѕвездениот диск од Небра е најстарата пронајдена конкретна претстава на космосот, датиран околу 1600 година пне, и се поврзува со централноевропската бронзенодопска Унетичка култура. Тоа е мал бронзен диск со дијаметар од 30 сантиметри на кој се втиснати златни небески симболи, пронајден во 1999 година во близина на градчето Небра во Саксонија-Анхалт, Германија. Артефактот бил пронајден од диви-копачи и поминал низ многу раце во црниот пазар, за конечно да стигне во Музејот за праисторија во Хале.

nebra sky disk istoriski

Ѕвездениот диск од Небра

На артефактот оригинално биле претставени сонце (според некои полна месечина), полумесечина, ѕвезди (од кои дел се интерпретирани како ѕвезденото јато Плејади), со злато кое потекнува дури од Корнвал, Англија. Во подоцнежно време странично се додадени два златни лака за кои се верува дека служеле за мерење на аголот помеѓу позициите на зајдисонцето за време на летниот и зимскиот солстициј. Крајно бил додаден уште еден лак кој се интерпретира различно – како ‘соларен брод’, Млечниот Пат или виножито. Во трите фази на украсување било употребено злато со различно потекло. Бронзата била составена од бакар од Бишофсхофен, Австрија и калај од Корнвал, Англија.

Поради големата необичност на артефактот, најпрвин се сметало дека тој е фалсификат, но со подоцнежни анализи неговата автентичност е потврдена. Во јуни 2013, дискот е вклучен во регистарот ‘Memory of the World’ на УНЕСКО и опишан како еден од најважните археолошки наоди на 20 век.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>