«

»

Jul 25 2013

Експедицијата на Питеј од Масилија

Во овој пост продолжуваме со обработка на најзначајните личности и експедиции од античката “Доба на Откритија”, конкретно ќе се запознаеме со најзначајниот античко-хеленски навигатор Питеј и неговото истражувачко патешествие низ океанските води на Северна Европа.

Питеј живеел во античката хеленска колонија Масилија, денешен Марсеј во Франција од каде што ја започнал и својата авантура која ја опишал во своето дело “За Океанот”. Делото, за жал, е изгубено, но за него дознаваме од други антички автори како Полибиј и Страбо. Неговата експедиција се датира околу 325 година п.н.е.

Скулптура на Питеј во Марсеј

Првата цел на Питеј била да исплови во водите на Атланскиот Океан, задача за која во науката сеуште постои расправа како била изведена. Имено, оваа задача на прв поглед изгледа едноставно, потребно е само да се помини низ Гибралтар, но работата станува комплицирана кога се знае фактот дека Феникијците кои имале свои колонии околу Гибралтар го затвориле протокот за сите не-феникиски морепловци. Затоа се поставува прашањето како Питеј успеал да исплови во Атлантикот ? Некои сметаат дека тоа го направил навечер кога видливоста е намалена и дека така скришум поминал низ феникиската стража, други велат дека добил дозвола од самите Феникијци (овој одговор е наједноставен, но без голема веројатност кога се знае дека конкуренцијата помеѓу овие два трговски и морепловски народи била жестока, па се поставува прашањето зошто Феникијците воопшто би му дозволиле на Питеј да помине?), други велат дека Питеј ги пренесол своите бродови преку копно, задача која нималку не е лесна.

Но, како и да е на крајот Питеј успеал да ја продолжи својата експедиција продолжувајќи на север по западниот брег на днешна Франција и стигнал до Британија која најверојатно ја обиколил по морски пат. Истотака Питеј тврдел дека поминал доста време и на британското копно каде што ги посетил познатите рудници на калај во Корнвал и ги проучувал обичаите и начинот на живеење на тамошното население за што дал и детални описи кој се покажале како доста точни.

После Британија, Питеј се упатил на север и пловел во води, кои според неговиот опис, биле исполнети со санти мраз и на крај стигнал до земјата наречена Туле која според античките автори била најсеверното населено копно во светот. Денес сеуште со сигурност неможеме да кажиме која земја била нарекувана Туле, некои сметаат дека тоа бил Исланд, а други дека се работи за Норвешка.

По посетата на Туле, Питеј го продолжил своето патување и стигнал до устието на реката Висла и Балтикот – земјата на килибарот, една од најскапите и највисоко ценетите трговски стоки во антиката кои се корител за изработка на накит. И за време на неговиот престој во Балтикот, Питеј посветил доста внимание на начинот на живот на локалното население. После ова, Питеј се решил да ја заврши својата експедиција и се вретил во својот роден град Масилија.

Експедицијата на Питеј

Питеј од Масилија може комотно да се нарече еден од најзначајните истражувачи во антиката, неговата големина е во тоа што за разлика од голем број на други морепловци кои започнувале експедиции поради откривање нови трговски стоки и материјално богатење, Питеј тргнал на оваа експедиција во потрага по знаење, воден од желбата да истражува поради самата авантура на откривањето нови места и култури, доказ за ова е и времето кое го посветувал на географски калкулации (кои биле доста точни) и проучување на етнологијата на народите со кои се среќавал.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>