«

»

May 04 2014

Фресковни прикази на демони во Македонија

Во сите религии и митологии се застапени демонски битија во кои е персонифицирано, најчесто, некое зло. Овие демонски суштества биле честа инспирација за народниот творец кој за нив создал голем број на усни творби (приказни и преданија), како и визуелни прикази (најчесто во верските објекти). Така, и во црквите во Македонија може да се сретнат голем број фресковни прикази на демонски битија, најчесто како дел од фресковните композиции кои ги третираат Апокалипсата и Страшниот Суд. Во оваа статија ќе ви презентирам дел од тие фрески.

– Фреските во манастирот “Свети Јоаким Осоговски”, Кривопаланечко:

A_very_orthodox_devil - Copy

Антихристот

Frescos_from_St._Joachim_of_Osogovo_Church,_Kriva_Palanka_10 Frescos_from_St._Joachim_of_Osogovo_Church,_Kriva_Palanka_13 Frescos_from_St._Joachim_of_Osogovo_Church,_Kriva_Palanka_14 - Copy Frescos_from_St._Joachim_of_Osogovo_Church,_Kriva_Palanka_15 - Copy Frescos_from_St._Joachim_of_Osogovo_Church,_Kriva_Palanka_16 - Copy Frescos_from_St._Joachim_of_Osogovo_Church,_Kriva_Palanka_17 - Copy Frescos_from_St._Joachim_of_Osogovo_Church,_Kriva_Palanka_20 - Copy

– Фрески во манастирската црква “Успение на Пресвета Богородица”, Лешок:

St._Bogorodica_in_Lešok_01 - Copy Staršen_sud-Bogorodica-Lešok

– Фреска во црквата “Св. Ѓорѓи”, Бањани. Скопско:

1488210_701718956505101_820091212_n

Друга интересна работа поврзана со оваа фреска е тоа што на неа е прикажан и Алакесандар Македонски (најдесно), заедно со персиските кралеви Дариј, Пор и Кир. На фреската е прикажан и лав кој го симболизира Македонското Царство.

– Фрески во црквата “Св. Илија”, Мелница, Мариово:

Freska_od_Sv._Ilija_vo_Melnica_04 - Copy Freska_od_Sv._Ilija_vo_Melnica_11 - Copy Freska_od_Sv._Ilija_vo_Melnica_13 - Copy

– Фреска во црквата “Св. Јован Крстител”, Кратово:

Freska_od_Sv._Jovan_vo_Kratovo_14 - Copy

– Фреска во црквата “Св. Петар и Павле”, Тресонче, Дебарско:

Демонот прикажан на оваа фреска претставува персонификација на чумата.

Čumata_Sts._Petar_i_Pavle_Tresonče

Доколку имате фотографии од други фресковни прикази на демони во Македонија, Ве молам да ги споделите со нас. Поздрав !

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>