»

Jun 14 2013

ЗА БЛОГОТ

“Историски” е наменет за популаризација на Историјата и нејзините сродни науки (како Археологијата, Етнологијата и сл.) меѓу пошироката интернет јавност во Македонија и нејзино потикнување во изучувањето на човечкото минато како и неговите ефекти врз иднината.

Целта на овој блог е да ја прикаже оваа наука на еден интересен и забавен начин, различно од она досадно и сувопарно прикажување во учебниците поради кое голем број на луѓе не ја засакале историјата, со што ќе го зголеми интересот за ова наука меѓу луѓето, особено меѓу младите и ќе ги потикне во понатамошно проникнување во мистериите на човечкото минато и откривањето на сите тајни кое тоа ги крие.

Ви благодарам за посетата на “Историски” и се надевам дека блогот го привлече вашето внимание !

Поздрав и имајте пријатен ден !

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>