«

»

Dec 01 2013

Индустриска зона стара 2000 години пронајдена во Полска

За време на археолошките ископувањата во близина на селото Кание во Полска, откриена е “индустриска зона” намената за топење на железна руда, стара скоро 2000 години. На локалитетот биле откриени 22 печки кои се употребувале за оваа намена.

Печките биле составени од два дела: горен – оџак, со висина од околу 2 метри и основа каде се собирала згурата. Експериментите покажале дека секоја печка можела да прими до 200 килограми железна руда и можела да достигне температура од околу 1200 степени Целзиусови, употребувајќи јаглен како гориво.

Оваа “индустриска зона” припаѓала на Пшеворската култура која траела од II век п.н.е. до V век од новата ера и главно била распространета на територијата на денешна централна и јужна Полска.

Овој локалитет претставувал една цела индустриска населба, која покрај печките содржела и работилници за изработка на железни предмети, како и висококвалитетно конструирани бунари за вода. Досега, во полскиот регион Мазовија, каде што припаѓа и овој локалитет, откриени се 238 вакви населби на површина од околу 300 километри квадратни.

Овие откритија покажуваат дека северноевропските народи од антиката, за разлика од негативната слика на “нецивилизирани  варвари” која им била налепена од Римјаните, имале доста развиено опшество и култура, вредни за многу поголемо внимание од страна на историчарите и археолозите.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>