«

»

Jun 24 2013

Инфографик: Рим – Антички супер град

Пред неколку дена, сурфајќи на интернет, наидов на еден интересен инфографик посветен на античкиот Рим во кој се наведени неговите најважни достигнувања на урабнистички и градежен план, достугнувања без кои ние, денес, не би можеле да го замислиме нашиот живот.

Како најинтересни  од овие достигнувања би ги издвоил:

– Рим е првиот град кој достигнал популација од 1 милион жители

– Античкиот Рим е градот кој го имал првиот трговски центар, наречен Трајановиот Маркет. Овој објект имал четири спрата и повеќе од 150 продавници и канцеларии.

– Првите станбени згради биле подигнати во овој град. Биле изградени повеќе од 40 000 згради со висина од по 5 спрата.

– Побогатите жители на градот можеле да си го дозволат и првиот систем за подно греење

– Античкиот Рим ја имал најголемата спортска арена во историјата – познатиот Циркус Максимус кој имал капацитет од 250 000 гледачи.

– Покрај тоа Рим имал и своја комунална служба, своја пошта, дневен весник, 1 300 јавни фонтани, 144 јавни тоалети, 11 аквадукти кои носеле неверојатни 757 милиони литри вода во градот секој ден, античкиот Рим имал и свој водовод кои сеуште се користи и денес.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>