«

»

Jul 30 2014

Историската позадина на фудбалското ривалство помеѓу Манчестер Јунајтед и Лидс

Фудбалот, и воопшто спортот, не би биле една од најважните работи во светот доколку во нив нема натпрварувачки дух и ривалство, кога екипите се директни конкуренти во одредено натпреварување, па во нивните меѓусебни настапи влегуваат со огромен влог и емоции.

Но, во некои одредени случаи, ривалството помеѓу две екипи може да биде предизвикано од настани и состојби надвор од спортските терени кои се прелеале во нив, а не ретко тоа ривалство преминува во отворено непријателство. Такви примери се градските и меѓуградските ривалства, ривалствата помеѓу две религиски, етнички или национални групи (пример шкотското Old Firm дерби помеѓу Селтик (католици со ирско-шкотски идентитет) и Ренџерс (протестанти со британски идентитет)), политичко-социјални ривалства, или пак ривалства предизвикани од некој историски настан како војна или конфликт.

Едно ривалитет чие потекло може да се класифицира во последната спомената категорија е ривалството помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Лидс Јунајтед, две англиски екипи од два различни града раздвоени околу 64 километри и региони со ривалство старо скоро 600 години. Во својата автобиографија, легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон го има наведено Лидс како најомразен тим на Манчестер Јунајтед.

Manchester Junajted i Lids Junajted logoa

Грбовите на ФК Манчестер Јунајтед и ФК Лидс Јунајтед

Имено, Манчестер припаѓа на регионот Ленкшир (Ланкастер), додека пак Лидс доаѓа од регионот Јоркшир (Јорк). Овие два региони, односно нивните владеачки династии, ја воделе познатата Војна на Розите, англиска династичка војна кој со прекини траела од 1455 до 1487 година, која во историјата е забелжана како една од најкрвавите војни која воопшто ја зафатила Англија. Војната започнала за време на владеењето на тогашниот психички нестабилен и слаб англиски крал Хенри VI кој припаѓал на династијата Ланкастер. Оваа негова состојба била искористена од аристократската куќа Јорк која сакала да го превземе англискиот престол. Во првите дваесетина години од војната, династијата Јорк имала поголем успех и стигнала до престолот, дури така што династијата Ланкастер била истребена по машка линија. Но, потоа плимата се променила, па на крајот победи страната на Ланкастер, па престолот припаднал во рацете на Едвард VII од династијата Тудор, која била во крвни врски со Ланкастер. Неговата династијата Тудор ќе владее со Англија во следните 118 години.

Името на оваа војна доаѓа од тоа што симболот на Ленкшир била црвена, а на Јоркшир бела роза. Во ривалството меѓу Манчестер Јунајтед и Лидс, оваа разлика е изразена преку бојата на дресовите – на Манчестер се црвени, а на Лидс бели.

crvenata roza na Lenkshir i belata roza na Jorksir

Црвената роза на Ленкшир и белата роза на Јоркшир

Ривалството помеѓу градовите Манчестер и Лидс ќе се продлабочи и за време на индустриската револуција од 18 и 19 век, кога Манчестер ќе биде центар на памучната, а Лидс на волнената индустрија.

Меѓурегионалното, меѓуградско, ривалство помеѓу Манчестер и Лидс ќе се прфрли и врз нивните два најголеми фудбалски клуба Манчестер Јунајтед и Лидс Јунајтед, чиј спортски антагонизам ќе започне уште во раните години на 20 век, а ќе кулминира во 60-те, 70-те и 80-те години, кога двата тиме ќе се борат во врвот на англискиот фудбал. Нивните натпревари секогаш предизвикувале голем интерес и биле полни со силни емоции, а неретко и со неспортско однесување, како што е и случајот со полуфиналниот натпревар од англискиот ФА Куп во 1965 година, кога играчите буквално користеле боречки зафати.

Играчот на Манчестер Јунајтед Денис Ло по полувиналниот натпревар со Лидс во ФК Купот

Играчот на Манчестер Јунајтед Денис Ло по полуфиналниот натпревар со Лидс во ФК Купот

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>