«

»

Feb 22 2015

Јужнословенски топоними кои ги содржат имињата на словенските богови

Листајќи на интернет наидов на една многу интересна листа на јужнословенски топоними и кои во себе ги содржат имињата на некои од словенските богови, па се решив да ја споделам со Вас. 🙂

1. Република Македонија:

– Велес, град

– Велешта, село кај Струга

– Велестово, село кај Охрид

– Марена, село кај Кавадарци

– Моране, село кај Скопје

– Перунска планина, во атарот на Кратово

grad Veles

Градот Велес

2. Република Словенија:

– Триглав, планински врв на Јулијските Алпи

– Перуњи врх, планински врв во областа Корушка

– Велесово, село кај Крањ

– Макоше, место во областа Рибница

Triglav vrv

Врвот Триглав

3. Република Хрватска

– Перунчевац, рид во Истра

– Перун, рид кај Ријека

– Велес, полуостров јужно од Ријека

– Хрсово, место во близина на Бјеловар

– Велешевец, село помеѓу Загреб и Сисак

– Перун, рид кај Сплит

– Видова гора, на островот Брач

– Вид, село кај Метковиќ

– Мокошица, населба кај Дубровник

– Макоше, место кај Дубровник

4. Република Босна и Херцеговина

– Видово, село кај Дрвар

– Троглав, врв кој Ливно

– Хрсовац, извор кај Мостар

– Перун, планина кај Вареш

– Видово, рид кај Тузла

– Видово, рид во близина на Сараево

5. Република Србија

– Велесница, село кај Кладово

– Велес, село кај Гуча

– Троглав, планина кај Богутовац

– Видово брдо, рид кај Нови Пазар

– Видово брдо, рид кај Звечан

– Перуника, село кај Куршумлија

6. Република Црна Гора

– Ладин врх, кај Пљевља

– Велестово, населба во општина Цетиње

7. Република Албанија

– Велес, планински врв во близина на Скадар

– Велес, планина

8. Република Бугарија

– Пирин, планина

– Хрсово, село

– Перуника, село

Pirin planina

Пирин планина

9. Република Грција

– Хрсово, село во Егејска Македонија

– Волос, град

– Велестино, место кај Волос

 

Богови чии имиња се вклучени во набројаните топоними:

Велес – бог на подземниот свет, посевите и стоката, мудроста и магијата

Перун – бог-громовник

Световид (Вид) – војничко божество со четири лица

Хорс – бог на утринското сонце

Мокош – богиња-заштитничка на жената, бракот, домот.

Триглав – троглав бог кој владее со небескиот, земскиот и подземскиот свет.

Лада – богиња на убавината и љубовта.

Морана – божица на зимата и смртта.

Извор: staroslavci.blogspot.com

***************************************************************

Убеден сум дека ова е само еден мал дел од ваквите топоними, па доколку знаете за некој друг би Ве замолил да го споделите со нас ! 🙂

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>