«

»

Oct 04 2014

Калето во Норово ги чува монетите од сите македонски кралеви

На Кале, село Норово, изненадува појавата на монети исклучиво на македонските кралеви и тоа речиси во континуитет, од Архелај, Аминта Трети до Персеј. Тука се и монетите од времето на Филип Втори Македонски, и Александар Трети Македонски.

norovo kale

Градот Алкомена кај Бучин, доцноантичкиот кастел непосредно пред Крушево и Кале, село Норово, се дел од врвните археолошки локалитети кои се лоцирани на територијата на Општина Крушево. Откритијата пронајдени на овие локалитети зборуваат за бурната историја на овие простори, така што, според проф.д-р Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културно наследство, тие можат и требаат да се искористат за туристичка промоција на градот. Според него, приоритет меѓу споменатите археолошки локалитети имаат градот Девриопски Алкомена и мистериозниот град или прастарата античка македонска стратегиска фортификација на Кале, Норово.

“Изненадува појавата на монети исклучиво на македонските кралеви и тоа речиси во континуитет, од Архелај, Аминта Трети до Персеј. Тука се и монетите од времето на Филип Втори Македонски и Александар Трети Македонски, како и од времето на Деметриј, Полиоркет, Пир, Антигон Гонат, Филип Петти и Персеј. Општината Крушево со локалитетот Кале, село Норово поседува едно вистинско археолошко чудо чија што функција на доминантната позиција, ридот со кота 909 метри, мораме допрва да ја одгатнеме”, велат од Управата за заштита на културното наследство.

norovo moneta 1

Според проф. д-р Лилчиќ токму археолошките локалитети се поттик за унапредување на секоја локална единица.

“На овие локалитети во моментов не се работи, но сакаме да им посочиме на локалните власти дека располагаат со големи археолошки ресурси кои ќе можат да се искористат за економскиот развој на општината, преку нивната туристичка промоција со оглед дека имаат интересна историја, а воедно можат да продолжат и истражувањата со што ќе се добијат дополнителни факти, а ќе бидат пронајдени и нови предмети”, посочува проф. д-р Лилчиќ.

norovo moneta 2

Пишани документи за Алкомена

Пишувани документи ни потврдуваат дека Алкомена била царски град на македонското племство. Генерали и принцеви во составот на фалангата со потекло од Алкомена биле придружба на Филип Втори и на Александар, а подоцна и на Персеј.

Текстот е превземен од Media.mk

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>