«

»

Jul 02 2013

Коловртот и неговиот милениумски континуитет на употреба кај Македонците

Коловртот (познат и како Вртешка) е симбол кој во Македонија и кај Македонците има милениумски континуитет на употреба, почнувајќи од античко време па се до денешен ден и најверојтно има значење како симбол на вечноста, на бескрајноста.

Симболот, најверојатно, претставува дериват на свастиката, но постојат повеќе размислувања за тоа од каде човекот ја добил идејата за него, дали тој претставува соларен симбол т.е. претстава на сонцето или поверојатно, космички, претстава на движењето на звездите на ноќното небо. Покрај тоа, коловртот  може да се сретне во повеќе различни форми: со различен број на краци, со покуси или подолги краци, со послаби или подебели краци, со краци кој се виткаат под прав агол или пак имаат форма на една непрекината крива линија, вртејќи кон десно или кон лево (оваа варијација предизвикувала голем број на полемики дали симболот има различно значење во овие две различни положби или сепак исто), итн…

Што се однесува до прашањето за “националноста” на коловртот, тој главно се смета за еден општ пан-словенски симбол, присутен кај сите народи кои припаѓаат на словенската група, но покрај тоа симболот е доста користен од страна на Ерменците и Грузијците и секако античките балкански народи вклучувајќи ги и Македонците, факт кој можеби укажува на една стара, заедничка, индо-европска култура.

Модерни реконструкции на словенски идоли на кои се наоѓа коловртот

Но едно е сигурно, а тоа е дека овој симбол, во сите негови форми и варијации, бил континуирано употребуван од страна на Македонците низ вековите и може да се пронајде во секое делче, во секој агол од македонската земја.

Симболот може да се најде на садови од античкиот период:

Чаша пронајдена на локалитетот Вардарски Рид во близина на Гевгелија која датира од 3-2 век пред нашата ера

На монети:

Монети од времето на македонските кралеви Филип V и Персеј ковани во периодот 196-168 г. п.н.е

Монети од времето на македонските кралеви Филип V и Персеј ковани во периодот 196-168 г. п.н.е

На мозаици:

Дел од мозаикот од Епископската Базилика во Стоби кој датира од IV - V век од н.е.

Дел од мозаикот од Епископската Базилика во Стоби кој датира од IV – V век од н.е.

Дел од мозаикот од Епископската Базилика во Стоби кој датира од IV до V век од н.е.

Дел од мозаикот од Епископската Базилика во Стоби кој датира од IV до V век од н.е. Во долниот десен агол може да се забележи коловртот, додека во горниот лев агол може да се забележи приказ на свастика.

Дел од мозаикот во Куќата на Перистерија во Стоби

Дел од мозаикот во античкиот македонски град Филипи кој се наоѓа во близина на Кавала

Дел од мозаикот во античкиот македонски град Филипи кој се наоѓа во близина на Кавала

На артефакти од средниот век:

Дел од олтарот во црквата Св. Софија, Охрид, датирани околу 1037-1045 година

Камена плоча од локалитет Црквиште, с. Мородвис, Кочанско

Мермерна плоча од тврдината Кале во Скопје

На надгробни крстови (најверојатно е ставан поради самиот факт што коловртот претставува симбол на вечноста):

Надгробни крстови од село Таор, Скопско. Потекнуваат од 19 и почетокот на 20 век.

Надгробен крст од гробиштата во црквата „Св. Архангел Михаил“ во с. Вруток, Гостиварско. Можат да се забележат два коловрти во долниот дел од крстот.

Надгробен крст од гробиштата во црквата „Св. Архангел Михаил“ во с. Вруток, Гостиварско. Можат да се забележат два коловрти во долниот дел од крстот.

На украси од народни носии:

Македонски народен украс – Пафта

Пафта од Прилепско, крај на XIX почеток на XX век

Пафта од Прилепско, крај на XIX почеток на XX век

И на многу други места:

Камен Мост, Скопје.

Камен Мост, Скопје.

Во близина на гробот на Гоце Делчев во црквата св.Спас во Скопје

Миленце во моја лична сопственост. Името на шарата соодветствува со значењето на симболот – “Бескраен Пат”.

Интересно е и тоа што овој симбол го користат и Хунзите и Калашите од Пакистан кој тврдат дека се потомци на војниците на Александар Македонски:

Модел на Калашка куќа

Традиционални Хунза везови. Покрај коловртот, интерес предизвикува и употребата на симболот “Цвеќе на животот” познат и како “Симболот на Перун” (!) во долниот лев агол за кој ќе стане збор во некој нареден пост.

Традиционална резба на Хунзите

Традиционална резба на Хунзите

 Се менувале генерации, се издигнувале и пропаѓале цивилизации, а колото продолжува да си врти…

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>